на (предл.) - нормалност (имн.)

Понекогаш некој од брегот на нормалноста толку силно се загледува во себе и во бездната меѓу двата брега, па не може да го оттргне погледот од нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ако премногу се загледаш во бездната, и бездната ќе се загледа во тебе.“ Фридрих Ниче: Отаде доброто и злото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Помеѓу брегот на нормалноста и брегот на лудилото не постои мост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако не гинат во бездната, тие сепак минуваат низ смрт – да се премине од брегот на лудилото на брегот на нормалноста, или од брегот на нормалноста на брегот на лудилото, е исто што и да се премине од еден во друг свет. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако нормалноста внимателно се загледа во лудилото, таму ќе ги согледа неподносливите вистини не само за лудилото туку и за себе, па ќе напукне нејзината фасада, ќе исчезне оклопот, и ќе се наѕрат сите ненормалности кои во себе ги носи она што себе се нарекува нормалност, па на местото на разорената нормалност ќе завладее лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако лудилото ја прифати реалноста на нормалноста - ќе ги увиди не-реалностите кои ги создало, и тие ќе исчезнат а со нивното исчезнување ќе исчезне и самото лудило.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)