Цел на Новоговорот не беше само да обезбеди медиум за изразување на погледите на светот и на менталните навики што им прилегаат на приврзаниците на Ангсоц, туку и да ги направи сите други начини на мислење невозможни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сајм одгриза уште едно парче од темно-кафеавиот леб, брзо го проголта и продолжи: „Зарем не сфаќаш дека единствената цел на Новоговорот е да го стесни опсегот на мислата?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
За да се разговара со него, требаше да се оттргне од таквите теми и да се заплетка, ако е можно, во специфичностите на Новоговорот, за кои тој беше авторитет и умееше интересно да раскажува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Повремено му беше доверувано дури и правењето на уводниците на „Тајмс“, кои беа целосно напишани на Новоговор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Темнокосата девојка зад Винстон викаше „Свиња! Свиња! Свиња!“ и одеднаш грабна еден тежок речник на Новоговорот и го зафрлачи во екранот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На самиот спомен на Новоговорот веднаш се разведри.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Би рекол дека се занимавате со изучување на Новоговорот?“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)