на (предл.) - непријател (имн.)

И нека е проколнат и за навек омрзнат и казнет оној што се одродил од народот, секој подлец што предавнички му пришол и му служел на непријателот и го оцрнил името на борбата и слободата што еден ден ќе грејне над целата наша земја ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
По завршувањето на офанзивата и по неуспехот на непријателот во остварувањето на неговите цели, дошло до зголемување на слободната територија и прилив на нови борци.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тие успеси овозможиле во најголем дел од градовите и селата да се формираат органи на новата народна власт (народно ослободителни одбори).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Целта е да се спречи повлекувањето на непријателот од Грција и да се убијат колку што е можно што повеќе Германци. Кодираното име на операцијата цитирам е Хелиум повторувам Хелиум“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тажните гласови на репортерите, долгите кадри, сликите на мртви тела, погреби, лешеви завиткани во национални знамиња, ритуалните примања на воените одликувања, толку слични на примање хостии, ужаси проследени со балканско новокомпонирано дрндање, шлагери што со фолклорно дерење му се закануваат на непријателот дека ќе биде уништен, сиот тој новокомпониран патриотски фалш, таа кичерска пропагандна индустрија на војната - сето тоа се крчка во балканскиот лонец помеѓу трагедија и фарса, страдалништво и рамнодушност, сочувствување и цинизам, гроза и пародија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А каде ќе завршам - во срцето на остарениот љубовник, во телото на непријателот, или во некоја пријателска дива патка - сосема е небитно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Посакав на непријателот мој, порака да пратам за моќ и слава, за награда вредна што за труд се дава, не со превртливост и измама тешка, посакав нова шанса, ново лето, нов миг на мир, тој човек повторно да стане оној што бил, од злоба излечен, повторно човек, за довек.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
И така утешен, го следев летот на белите галеби како се претопува во синиот хоризонт од каде што Х.Х. го гледаше неизбежното идење на непријателите. Им завидував на галебите на хоризонтот, јас заробениот албатрос...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Очите на Милан ја разгледуваа земјата за да најдат знаци што ќе му го дадат одговорот за идентитетот на непријателот, зашто тој беше тоа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Маргиналецот има специјална анти-зомби стратегија: во тајни куферчиња (ко што имаше Мелани Грифит во Shining Through, веднаш покрај исечените прсти на непријателите и контрареволуционерните ТЕКСТОВИ: Дерида, Бодријар, Слотердијк, Фаерабенд, Витгенштајн, Дишан, Ворхол, Џојс, Музил...) и во специјални теглички допола наполнети со специфичен наркофилски етер, се чуваат како смалените глави на декапитираните конкуренти така и одредени восочни фигурички - слика и прилика на локалните зомбии; и игли за коса, фала богу, ко во филмот „Матадор“ на Алмодавар.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ја очекува слободата од интервенцијата на Европа, сфаќаа, значи, дека револуционерна Македонија нема сили да се расправи сама со Турската империја, и сепак веруваа дека европската интервенција ќе се предизвика полесно и побрзо преку терор против истите Европејци, преку една борба која по својата природа буди кај Европеецот одвратност и која, третирана како ’анархистичка’ беше погодна за најпакосна за македонските борци експлоатација од страна на непријателите“212.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Има и едно последно сообразување - не сакам да му причинам задоволство на непријателот да се гаври со мене, да ми се подигрува.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Илузиите на самиот српски народ пак не се безрезултатни: во случај на војна за Македонија со кого и да е, Србите како еден сите ќе се нафрлат на непријателот, -српската војска со најсилно патриотско чувство ќе се бори за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога таа „самостојна” и „национална” политика е орудие на непријателите на Русија, против интересите на последната на Балканскиот Полуостров, можат ли да бараат тие бугарски политиканти од руската влада да биде таа совршено безучесна во настаните на Балканскиот Полуостров кога тој Полуостров бил грижата на Русија цело столетие и повеќе?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но сојузните со Бугарите словенски полчишта во очите на непријателите, т.е. на Византијците, беа пак бугарски. Значи, Византијците фатија да ги прекрстуваат Словените уште од времето на Аспаруховата орда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе сакам со остроумни решенија да им го загорчувам животот на непријателите, пандан на Тито и понтонскиот мост преку Неретва, отколку како великиот Тесла да им ги осветлувам патиштата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дури и на непријателот што го демнеш молкум.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На непријателот да му легнам здола! Тоа не! Само тоа не може да биде!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Дури се гордеам што сум Македонец, син на еден измачен народ, кој преживеал толку вековни робства и пак не се поддал на непријателот, да го претопи, ами жилаво се држал и се борел за својата национална слобода.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Винстон добро го знаеше местото. Сега беше музеј што се употребуваше за различни пропагандни изложби - модели на ракетни бомби, на пловни тврдини, на восочни фигури што ги илустрираа злосторствата на непријателот и слично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Точно беше дека таа на целата војна гледаше како на измама: но очигледно беше дека дури и не забележала оти името на непријателот е променето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бугарскиот војник е ѕвер на непријателот. Тоа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој не само што им овозможуваше прошетка преку поширок круг, туку и добивање на располагање двоглед кој им го задоволуваше љубопитството во однос на животот на непријателот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- За да свршиш курурска работа и да дојдеш во заднината на непријателот, мораш да бидеш млекар.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Таму, зад карпите од другата страна на планинскиот порој, малечкиот Иво, бојаџијата од Шилиговец, кој беше од почетокот член на групата префрлена зад грбот на непријателот, и речиси веднаш погрдно именуван за шептач на смртта, трипати се влечкаше да ја наполни со вода матарката на Раде за да му го излади челото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во четата Раде беше назначен за заповедник на извидувачка група, која ќе требаше да се инфилтрира во позадината на непријателот и да го снабдува Штабот на 23от пешачки полк со податоци во врска со движењата на непријателските сили, нивниот состав, големината и многу други нешта битни за успешните воени дејствија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој и на пријател и на непријател ќе му каже онака како што мисли.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Знаеме дека тие му се најсигурни сојузници на непријателот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
3. Пушката е основно борбено оружје. Служи за уништување на непријателот со оган, нож и кундак.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
4. Пушкомитралезот служи за уништување на откриени и маскирани, групни и поединечни живи цели, како и за неутрализирање на огнените средства на непријателот до 800 метри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со маневра се овозможува постигнување надмоќ на тежиштето на борбата во решавачкиот момент или наметнување борба на непријателот од подобри услови за нас.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Погледна на околу. Офицерите, влечејќи се, се доближуваат до позициите на непријателот од каде не престануваат рафалите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Претстражи на непријателот душкаат наоколу...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нели Грамос ќе го направиме гробница на непријателот? Нели Грамос е непристапна тврдина?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)