на (предл.) - напад (имн.)

Додека ги слушав врвните офицери на Југословенската Народна Армија (ЈНА) како зборуваат со вознес и незамислива увереност за главните стратегии за одбивање на напад на Југославија од Западниот или Источниот блок, со мене на часовите ја носев книгата на Вињи, верувајќи дека на овој начин со читање на книгата ќе го компензирам времето на воените предавања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На лединката „Чегревите нивчиња" каде што сонцето одвај пробиваше, седеа крај ладното кладенче војводите и го разгледуваа планот на нападот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Всушност тоа го одредува основното двоумење: сопственото јас тежнее да се вкорени и отелотвори, па сепак тоа постојано се плаши да пушти корени во телото, бидејќи на тој начин би било изложено на напади и опасности од коишто не би можело да избега.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Според него ќе треба да се нападне селото преку ноќ.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За време на нападот врз шоферот, одбив да пукам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во однос на партизанската тактика капетанот Ламби истакнува: “имајќи ја предвид природата на нивното оружје, опрема и борбена способност партизанските напади беа ограничени на напад и повлекување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ѓорѓе не ни проба да бара одговори на нападите на Рада. Неговиот пораз беше конечен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)