на (предл.) - муштерија (имн.)

„А сега види, пријателе мој. Од Советот за алкохол имам овластување да не му давам на муштеријата да пие ако сметам дека испил многу.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Задоволство е да се меркаш бесцелно по овој пазар и да одиш од тезга до тезга, да слушаш од сите страни викање, довикување, влечење на муштерии.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во исчекување на муштерии, тие стоеја пред дуќаните и потфрлуваа бесмислени шеги еден кон друг но веднаш се менеа штом ќе се појавеше купувач; се веднеа пред него и љубезно се насмевнуваа, ја фалеа својата стока.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)