И кога најпосле ќе прошетате со бавни чекори, подзастанувајќи пред секоја убавина за да можете да речете дека ја имате не само забележано и убаво разгледано туку го имате почувствувано и ефектот од сите тие откритија, дури тогаш ќе сфатите на кои убавини мислам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Добро е да се создава, да се мечтае, велеше мудрецот, но мечтаењето е меч со две острици: многу болни на мечтаењето му го должат своето оздравување, но и многу здрави - своето разболување...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Кога велам дребулии со подеднаква сериозност мислам и на мечтаењата при отворени очи како и на другине што ви протрчале само низ градините на сонот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)