Ѕвечкањето на пушката, која преку неговото рамо се допираше до редениците во ритамот на неговиот чекор, беше сосема поинакво од ѕвечкањето на металот кога ги редеше теговите на шипките во теретаната.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Повремено, кога некој од камионите ќе потскокнеше на патот, се слушаше тропање на метал: сите заробеници имаа окови на нозете.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
3. А, пак, гранскиот колективен договор кој во тоа време ја регулираше оваа материја беше Колективниот договор за дејностите производство и преработка на метали, црна и обоена металургија, рударство, електроиндустрија и енергетика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На работник кој е избран или именуван на синдикална функција утврдена со статут, а чие вршење бара привремено да престане да работи кај работодавачот, му мирува работниот однос и има право – во рок од пет дена по престанувањето на функцијата што ја вршел – да се врати на работа за вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка (чл. 200, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)