на (предл.) - мерка (имн.)

Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд на оваа општина е: РО.бр. 233/08; а пред Апелациониот суд – Битола, кој е надлежен за овој судски регион: РОЖ.бр. 180/10. 2.  Глоба во износ од 5.000 до 8.000 ЕУР во денарска противвред­ ност ќе се изрече за прекршок на правното лице а, за истиот прекр- шок, одговорното лице кај работодавачот ќе се казни со 500 до 1.000 ЕУР ако: – не обезбеди лична заштитна опрема за вработените како и нејзина употреба; – не организира и обезбеди давање прва помош на вработени во случај на повреда при работа (чл. 58, ст.1, ал.4 и 7 и ст.2 од ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во поглед на мерките кои би требало да се преземат, сметале дека е потребно да се имаат предвид „алтернативни политики“, преку кои на Британците им се отворала можност предметот да го прифатат секогаш до онаа граница кога тие не би смееле да покажат дека заканата кон нивните интереси била преголема и од тие причини предвреме да не се придржуваат кон мерките што би можеле да го забрзаат директниот конфликт со Советската влада.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во рамките на овие „алтернативни политики“ се предвидувало: „А) Отфрлање на нашата поддршка на комунистичките движења во југоисточна Европа и да создадеме поумерени елементи.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во новите прекршочни одредби, за прв пат се споменува дека работодавецот ќе биде казнет со парична казна доколку: 1) обезбедувањето на мерките за безбедност и заштита на здравје при работа ги става на финансиски трошок на вработените, 2) не склучува договори со надворешни служби од областа на безбедноста при работа, 3) не им дозволува на вработените да учествуваат во дискусиите за прашањата од безбедност при работа, 4) не им ја презентира изјавата за безбедност и 5) дозволил пристап на вработени во области со сериозни и специфични опасности, а тие претходно не добиле посебни упатства.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Обезбедувањето на мерките за безбедност и здравје при работа не смее да претставува финансиска обврска за вработените!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)