на (предл.) - мајка (имн.)

- Не туку врескај, од ум ме извади – свика баба Менка, баба ѝ на мајка ми, мојата прабаба што таа ја обожава и често ми раскажува за неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Девојчето трчаше сѐ до дома, за да ме покаже на мајка си.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Внукот на мајка ми од ќерката на најстариот брат Спиро.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Побратимот Гури Порадеци, утрото кога наминал за да ѝ каже сѐ на Мајка, ѝ укажал колку слободно место има во чунот за неопходните предмети, а колку за семејството и за него, без да биде опасно при пловењето кон другиот брег.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По белите ѕидови немаше апостоли и ангели, туку со крфии заковани кадра на некои чичковци со строги погледи од зад големи окалки, а на местото од милата Богородица, една женичка во годините на мајка ѝ застаната на средината од ѕидот и со голема тетратка во рацете од каде ги вадеше имињата на децата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој, како по обичај, на помалите деца им донесе чоколада, а на Мајка букет цвеќе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ѝ го чув и гласот на мајка ми, која списка за мене.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој може да стане друг, а јас ќе си останам грда.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Иако на мајка и тоа ѝ беше понекогаш напорно, сепак ја исполнуваше ведриот дух на ќерка ѝ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Присуството на мајка ми го тераше да размислува за козите не само филозофски туку и крајно конкретно, реално, каков што беше и самиот живот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Доверба ми влеваа нејзините, понекогаш чудни однесувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А тој таа можност ја нема. уште како малечок се сврза со црниот живот на мајка си и заедно со неа подеднакво го почувствувал и го споделувал навредливиот бич на сѐ она нечовечко и зајадливо спрема нив.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мајката Перса цврсто чекори како да има војнички чевли на нозете од мислата во неа која ѝ го шири срцето од храброста на мајката Роса што можела сама да ги води овие пет моми по патот на животот послан само со трње, од нејзината непрекидна борба со сѐ и сешто само тие да не ја почувствуваат горчината од отсуството на таткото!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За изненадување на Ване, сега на масата, од десната страна на мајка му, седеше стариот - но не оној стар што го знаеше туку сосема друг, како којзнае која копија од оригиналот што си имаше свој отпечаток дури за и на малиот прст од раката, во вид на дискретен нокот - доволно долг да му се забележи на широката и плоска дланка, но и доволно краток да не му пречи во пишувањето на службените списи, и секогаш однегуван не со ножички туку со турпиичка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бев готов да скокнам до таванот, да го пробијам; бев убеден дека Луција ги прочитала и ѝ ги дала на мајка си.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Удираа чврги во стомакот на мајката, но У спиеше спокојно и не чувствуваше ништо.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Таа секогаш располагаше со доволно енергија но и со непоколеблива безочна упорност за да почувствува потреба да ја прикрие својата намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Денес е ден на мајките што ги гушкаат своите дечиња кога за појадок им сервираат љубов бескрајна, за ручек ги хранат со бакнежи по обравчињата и ги штипкаат од милост по рачињата. А за десерт?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мајката Перса од задниот дел на градината донесе малечко емајлирано ќумбенце и кога си дојде на своето место веднаш десно до вратата и кога се наполни со дрва, ја наполни одајката со топлина која чиниш доаѓаше директно од срцето на мајката Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Можеби тука лежи тајната на поврзаноста на мајката со детето – таа го гледа како дел од себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Директорот им раскажа на мајките за сѐ што се беше случило претходниот ден.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Раката на коларот што го донесе сандакот како да не ја држи уздата туку поткренатата муцка на коњот додека го влече по угорницата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Есента, кога времето залади, го прибрав мојот стол, а столот на мајка остана надвор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа, кога дознава за загинувањето на двата најстари од малите Густави, нема да може ни себеси да се разувери.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Помилување, чистење на нивните мисли, чистење на нивните дворови: Дворот на прабаба ми, дворот на баба ми, на дедо ми, дворот на мајка ми, на татко ми...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Татко ми не беше расположен за тоа: - Во моментов не сум расположен за времеплов, оди со децата – рече и остана во една кафеана да го чека чичко Ацо Дукац, другар на мајка ми и негов, кој, бидејќи е директор на Градските кина во Скопје, беше службено на фестивалот, ама не работеше толку колку мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А тој беше ставен меѓу острите воденички камења на мајката и жената.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но коските под плочата таинствено молчеле наслушувајќи ги шепотите на мајките и примајќи ја животната топлина од допирот на нивните чела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На мајка му Депа ќе ѝ се сожалеше од тоа негово викање и тропање и ќе го пуштеше да шета, издивнувајќи: „Господе, врати му го умот...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И иако знаеше дека сето тоа се бесмислици и дека взаемната љубов на мајка ѝ и на татко ѝ нема никаква врска со болеста и со умирачката, сепак тие три години му беше лута.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со здравата рака Циљка ја фати стврдната дланка на мајка си, ја принесе до усните, нежно ја бакна неколкупати и со насмевка полна тага, се потсети на нешто многу блиско, сакано и драго: - Мајко - рече тивко, гледајќи ја в очи - порано секогаш дланките ти мирисаа на топла погача и леб, на млеко и сирење, на сено и пченица, на зрело јаболко и печена круша, на вино и на мед, на џунџуле и босилок, на свежа ораница и на пепел од нашето огниште и од фурната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пред очите и излегоа светите ликови на мајка ѝ, татко ѝ, брат ѝ, а како последна утеха ѝ излезе ликот на нејзиниот избраник Стојана со целата негова овчарска младост, свежина, бујност и убавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Онаа лекција на мајка ми дека добар секс се нуди за евтини пари на секое ќоше, ама дека сите се во потрага по вистинска љубов, ме додржа мене во истата кујна, до шпоретот и... добро де, и во спалната во која влегуваа туѓи парфеми и парчиња кожа под ноктите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Вујкото му рекол: А бре, внуче Лазо, зошто не го приберете детето, секој ден е на гробот на мајка му, само прета околу гробот правејќи дупки. Цело село го жали.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„На жената од над амбисот мислиш?” праша мајка ми додека седнуваше да се потпише во бележникот на поштарот за примените пари.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пелагија тоа најдобро го знае и ѝ кажува на мајката Перса со топол глас Во најубавите години Богородица истури гнев врз мојата Добра и врз мене, рано ја загубивме нашата мајка, не беше сведок на сеопштиот срам, а натаму низ животот бевме благословени со неколку мајки.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На перонот во Битола нè чекаа петмина другари на дедо ми: дедо Шиман, дедо Јове - Галеното, брат на загинатиот народен херој Таќи Даскалот, дедо Цане, дедо Боро и дедо Миле - Штурецот - татко на тетка Марина, пријателка и колешка - новинарка на мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
40 Да мислеа тие, кои не поведоа, сигурно ќе немаше да стигнеме до болниците во Корча, во Елбасан, да ги слушаме лелеците на мајките кога поминувавме низ Прењес, немаше да стигнеме до Бурели и во далечни туѓи поднебја...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со доаѓањето на мајката Роса и Деспина и да има Танаско нешто да ѝ соопшти тоа нема да го направи пред нив, си мисли Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Отидов во спалната каде што татко ми по ручекот го читаше весникот и го побарав расказот на мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа е една посебна историја за најсреќните мигови во животот на Мајка, историја за нејзината италијанска пролет која живееше со Мајка, во сите други балкански годишни времиња, во војните и во преселбите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пелагија долго стоеше пред влезната врата и просто се зачуди што го слушна гласот на мајка Перса скоро во ушите Си заминаа?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мислев дека тоа ќе ѝ се допадне на мајка ми.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На мајка ми ѝ однесов само поздрав.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Види, ата да ми а најде, старата вапирка“, — си рече Нешка во себе — и она ќе превркне за него“. — и ѝ го раскажа на мајка си сето што го виде и слушна од чешмата до дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе откриеме и дека големата вредност на традиционалната машка геј-култура лежи во некои од нејзините најпрезрени и најкудени одлики: машката геј-женственост, обожавањето диви, естетизмот, снобизмот, драмата, восхитеноста од гламурот, карикатурирањето жени и опседнатоста со ликот на мајката.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да се заслужи оваа тишина значеше да се исчитаат битните таткови книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дали и забележуваше само на својата лековерност и поводливост кога тргнала по младичот кого речиси и не го познавала?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тажниот поглед на мајка му го следеше до првиот свиок.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Неколку мига, колку што на мајката ѝ беа потребни за да ја покрие голотијата, пред да излета од собата, беа доволни Луција да побегне.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Ај си одам – реков – ќе имаш компликации поради мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Утредента, кога се подготвував да тргнам на училиште, ѝ пријдов на мајка ми додека ја палеше „првата цигара крај шолјичката со првото кафе“ (како што има обичај да рече) и истовремено си ги шминкаше очите, и ја прашав отсечно и строго.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мајчинството на мајката Македонија ли нѐ мачеше, што некој нѐ и го признаваа за достојно, па со непочит кон него, се трудеа и најмногу што можат да го доведадат до презир?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На крајот, сепак, решив да се вратам. Но не ѝ пишав на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јана од скутот на мајка си ги бришеше солзите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако забележеше некој момчак работник или подостарен маж како зее во големата цицка на мајка му, за миг ја оставаше големата брадавица и грмнуваше неговиот глас како на возрасен Пуљ си п'тот, пичка ти мајчина, оти!... и пак ја лапнуваше брадавицата и не ја оставаше додека не го исмукаше целото млеко од боската. Понекогаш поминуваше и на другата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во црквичето штама... саде откај левата - женска страна се прогласува стишено липање... жените ја тажат тагата на Мајка Богородица, ама и својата тага по умрените.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
„Сакам да живеам уште малку, сакам повторно да свирам, сакам да направам дете...“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зошто? Па затоа што, откако го прочитав Гете, кој по малку и тормозеше со оној свој баксуз Вертер, решив малку да „мењам жанр”, што и рекол брат ми, и да прочитам нешто од писанијата на мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се собравме сите во Татковиот дом, пред заминувањето на Мајка во Албанија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се плашеа раководителите на градот од клетвите на мајките на своите деца, на сите детства и на младоста ако им се наредеше да кренат нож против козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потоа оној изнуден и чуден предлог или барање од неговиот некогашен пријател Јаким во врска со белезицата (во истиот оној понеделник што се трудат да му го забошотат); божем најдобро ќе било тој да го заборавел случајот бидејќи станувало збор за скапоценост на мајка ѝ на неговата секретарка Ботка а не на Баручиеви.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
О црква одеме и свешчи палеме и Богородица а молеме да му се врне дома на мајките здрави и живи и се чудеме и, крстејќи се, си велеме: пули, пули, аскерлии и македонцки зборве и пее...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Заѕиданата мајка, принесена како жртва во темелите на мостот, на тврдината, од страна на своите девери, за да не се урива градбата, барала да се отворат дупки за да може низ нив да се дои чедото од градите на мајката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Некогаш на замин, по „добар лов" ѝ потфрлаше на мајка му по некоја и друга лира да ја ублажи сиромаштијата и да не го избришат од нивните тевтери, да има лице да се прицне некогаш кога ќе го подгонат полјаците, заптиите и фариите од Полчишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас немам друго минато освен скудното минато на мајка ми и минатото на таа непозната личност која требало да ми биде татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако остане дома, знаеше што го чека - бескрајното и неуморно чекање на мајка му во осамената куќа, наизмерната глувост на секаква, добра или лоша вест, за исчезнатиот татко; неговото бесмислено шлаење низ градот без секаква цел, изненада или задоволство.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вратите и прозорците морав да ги затворам поради Вардариште“ , тоа е гласот на мајка му.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
XV Кога татко ми скришум ѝ потшепна на мајка ми дека со „Сталин е готово“, ние децата веднаш помисливме на нашата кутра Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Вчера ѝ објаснував на мајка ми за ова списание и ѝ барав пари да си го купам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Малодушно измисли некаква приказна како на мајка му одеднаш требала помош.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Пела неколку пати се завртува, сака да му мавне, ама рачињата ѝ се стиснати во дланките на мајка ѝ на баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А мајката Перса како да ѝ ја чита скриената мисла, проговорува Златна на баба, ја имаш среќата да учиш на јазикот на мајка ти!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Крцкањето и цивкањето на пружината, шепотот на Нанчо во кој навираше неговата страст или она женско Не, нее, не така... полекааа... од ноќ во ноќ сѐ побезобразно, сѐ поотворено, сѐ понападно, уште пред самиот да ми рече дека му пререкле од мензата дека треба да си заминам оти скришум ме ранел од таму, појдов до мојот вистински вујко, братот на мајка ми, кој во тоа време имаше навистина светла, просторна и убаво наместена одаја во една од зградите на Автокоманда со молба да ме прибере кај него додека дојдат моите од Војводина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Аирлија плачење наврапито? Кажи срце на мајка, лек да ми ти бара.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
На мајката многу и се развесели душата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тие наследиле нешто од карактерот на мајка им. Посебно Оливие.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Некои деца се држат за скутот на мајките, други изгледаат некако достоинствено, подготвени да се фатат во костец со она што уште не го разбираат, но кое лебди врз школскиот двор како фантом.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
- Ако некој те праша зошто ја носиш свечената црна кошула, кажи дека ѝ е роденден на мајка ти или дека по завршувањето на смената треба за прв пат да излезеш со потенцијалната девојка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Влатко се доближи - свртен со грб ја слушаше: „Го најдов споменарникот на мајка ми.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дури преку нив, преку мајките, преку мајките на мајките, преку мајките на мајките на мајките може да се рече дека припаѓаат на некој дамнешен корен, на корен од бескрајот до нас!.. до нас!... до нас!...влегувајќи во сон од илјадници бои!...
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како тоа наеднаш, се прашував, најпофалуваните и најсаканите простори на желбите и намерите на мајка ми, се престоруваат проклети места што нудат толку малку надеж?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сестрата на мајка ми, нашата тетка, остана со нас неколку дена, но, мораше да си оди, бидејќи живееше во друг град.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Откако тој се врати од болницата во својот виенски дом на улицата Шонлатерн, секое утро излегував од дома велејќи дека одам да читам во библиотеката, оставајќи го зад себе префрлувањето на мајка ми дека моите врснички по цел ден остануваат дома а излегуваат само со своите мајки, или некој друг повозрасен член од семејството, за да не си го нарушат угледот кај договарачите на бракови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Единствената блиска роднина на мајка ми, не знам дали дека живееше толку далеку од нас и дека многу ретко се видувавме, не можев да ја почувствувам многу блиска, ниту да ѝ се доверам за оние работи што ме измачуваа во целото ова време.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се претпоставуваше дека огледалото потекнувало од некој дамнешен паша од отоманското време, кој можел да биде и далечен предок на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А, дедо, за да не оди чупчето расплакано да спие, се враќаше до пред куќата на Нановци и јa завршуваше приказната: - И скришум поминав одоколу, одокопу, олоколу... - тој зборуваше сѐ потивко, додека Циљка не заспиваше во скутот на мајка си.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
СЛАВЧЕ: Можам, можам, баче Костадине! Можам, да носам вар, тули...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Понекогаш ѝ се јавував на Јасна во Белград, често на Маја во Ithaca, која ѝ се јавуваше на Хатиџе во Сараево, ѝ се јавував на Андреа во New Haven, која често му се јавуваше на Игор во Осиек, Горан во New York, кој ѝ се јавуваше на мајка си во Мостар...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во тој момент, од ходникот допре гласот на мајката, која, како суфлер, но повеќе како контролор го следи муабетот, но не сака да учествува во него зашто тоа се машки муабети: „И не само таа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тие, при болки или при потреба од лекарски преглед, доаѓаа во куќата на Мајка, небаре таа беше и лекувалиште и аптека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога тој ден сами без тато отидовме на гробишта видов дека Вера многу добро знае каде е гробот на мајка ми, и нѐ поведе право таму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Раницата ја истресе од наталожената прав и по некоја брбушка од глушец, а цокулите ги премачка со чисто крпче на кое капна троа масолца од кандилцето на мајка му и ги исполни однатре со навлажнет стуткан весник за малку од малку да омекнат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Молам?! Што рече?! – праша таа изненадено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас овој гест го протолкував како знак дека, сепак, на Мајка не ѝ е најлошо.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но бев сосема шокиран кога еден ден заѕвони телефонот и јас го слушнав гласот на мајката на Луција: „Добар ден; ве молам, господинот Јан Лудвик, ако сакате?“ „Да“, реков, „повелете, госпоѓо“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од време на време Пела спретува, сака да се откачи од вратот на мајка си, сака да се слизне долу на калдрмата и да чекори крај Мурџо, со едното раче во раката на мајка си, а со другото - за жолтата грива на Мурџо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога ѝ го кажав сонот на мајка, таа викна: - Леле, ќерко, ти ќе земеш војник, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
– „Ах, проклет да е тој саат, си велел сам со себе Силјан, кога им грешив на мајка и на татка, да ме втаса ваква клетва, бев човек сега и да си ги пречекав сватовите, и јас да се веселам како сите што се на свадбава.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Така придонесот на Мајка во балканската историја останува единствен, него не ќе го најдете ниту во една победничка книга или во некој учебник на која било држава на Балканот…
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татковците се секогаш премногу зафатени и немаат време за вакви расправии.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
У беше мрзлива уште пред да се роди. Постојано спиеше во стомакот на мајка си која, пак, инсистираше нејзината ќерка да се роди будна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Таа мисли дека цела ноќ не ги затворила очите, ама малку и се сомнева во тоа оти во свежото утро измиено од ноќниот дожд се разбудува свежа и со некоја жудна радост, нешто слично како што изгледаат цвеќињата на мајка Перса од двете страни на патеката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
8.1 Вечното стебло страда од потајна ровја Му се умилкува на огнот што потонува в земја И ги впишува нашите имиња на небото Со хлорофил што капе на дланките на Мајка.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Спомнав некои моменти од заминувањето на мајка ми кон планината што можеби нѐ приближуваат кон нејзината патека на вистината, но сепак никогаш не сфатив кон кого беше упатен оној нејзин прекор, (за грдотиите и убавините на животот) и тоа изречен толку отсутно, без секаква врска со претходните размисли.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На Мајка ова ѝ се случуваше по втор пат на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Решив сѐ да ѝ раскажам на мајка ми. Таа може да ме разбере.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не ја држам добро... Се откачува...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се припивме во прегратката на мајка ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Следните неколку дена, на радост на мајка ми и комшивката Вера, само печев пиперки, окупиран од тоа чудо невидено.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во разлабавениот простор Пелагија уште еднаш се доближува до Деспина, уште еднаш силно ја избакнува и прегрнува, истото го направи со Роса и Милка, Пела ја забележува во рацете на мајка Перса и со ишарет ги извлекува надвор, а потоа се предаваат на уличката што ги упатува на кај Бит-Пазар.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Стоејќи еднаш на куќа, ја видел жената му кај ги молзе кравите и од милост на убавите телиња слегол во двор и отишол до телињата да ги помилува ѓоа; арно ама кај го знаеше син му Велко оти штркот Силјан е татко му; Велко си имал едно стапче в раце, и видело оти телињата ги милувал Силјан со клунот, та и свикало на мајка си: „Мајко мори, види го штркот ќе ги јаде со клунот телињата!“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се разбира дека нема и не може да има добри вести (одговор што ѝ го должеше на мајка ми), па се обидува да стори што не може.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зоки со машата си го исцрни лицето, а со карминот на мајка си си нацрта смешни извиени мустаќи. Бабата пак не се насмеа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Повремено ѝ даваше по една и на мајка си, која немаше сили да ја исплука семката од устата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Брат ми рече дека времепловите се интересни само на филм, како што е она патување низ минатото во филмот „Враќање кон иднината” и дека ако мајка ми нема против, не би дошол со нас, оти знае тој како ќе изгледало тоа нејзино „носење во детството”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не можев точно да проникнам во оваа противречност, чиј сведок бев, сега, низ телото и душата на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ѝ кажав на мајка ѝ на Ило да ги однесе до таксито кое ќе пристигне во секој момент Чекав и се тресев, како тоа да беше најважното нешто во мојот живот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Дај боже да е генерал, ѝ велам јас на мајка, се пресмевам, оти имав чуено за генерали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Перса се обидуваше да ја разблажи таа болка, отворено ѝ зборуваше Златна на мајка, кога нешто се посипува со пепел отпосле не се распретува таквата пепел!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Потоа седеа, долго пишуваа на друг лист и кога веќе мислев дека ме заборавија, го слушнав гласот на мајката: „Сега убаво пишуваш!
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
На мајка си ѝ соопшти дека во петок е на хор.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кренавме врева, почнавме на мајка ми да бегаме додека Киле послушно веќе си ја врзуваше шамијата преку капата и преку ушите и под брадата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И во себе ѝ даде за право на мајка Перса околу нејзиното облекување.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И како дете што со млекото на мајката Го вселува во себе и законот на чемерот и болот Така во коренот некои жива маѓија го оплодува летото: Црни и златни рани ископани во глава на ангел Од праискони кружат крај тие сончеви реки А сонце нема и лека нема: Се крши стеблото И паѓа сенката Скитникот сам што си ја фрла за да почине во неа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Ме разгледа мајката и бидејќи немав никаква мама, ме даде на продавачот, а пак тој стави врз мене едно моливче број два, нѐ завитка и така нѐ подаде на мајката чиешто девојче станало прваче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ќе стивнат нашите молбени гласови, ќе се крене темнината и скрбта од лицето на татка и од неутешната душа на мајка“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Трајанка тукушто влезе дома и тукушто почна да ѝ кажува на мајка си што се случило, одајата се наполни со жени и деца кои сакаа да разберат сѐ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ѝ ја раскажа на Џулија приказната за исчезнувањето на мајка му.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Не, мила на мајка, ќе му се отворат патиштата, ќе ти се врати - како јас што сум се вратила.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Празник е и подготвен сум за раѓање За доаѓање на светот што ве возобновува И ми дава сила пак да бидам дете Во рацете на Мајка И пак со молња и збор Да им се препуштам на водите Што ме носат И носат грамада камења Во кои ве препознавам Ближни мои.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Мајка со години беше сведок на татковите илузии, најмногу извлечени од неговите бројни книги и записи како оние за козите, за јаничарите, за јагулите, за старите клучеви...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И според малкуте семејни фотографии што јас можев да ги видам, Борко повеќе личел на татковата лоза, на дедото по татко, а Симон повеќе на мајка му.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како и да е, најдобро од сѐ е да не се поврзуваат градите на мајката и градите на партнерката, или ако сте женско, женските гради со машките гениталии. okno.mk | Margina #22 [1995] 67
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ја споделуваше болката на мајка, на другите мајки во Козар маало што не можеа да го прехранат семејството, но тој бараше да ја разбере суштината на проблемот, ги бараше патиштата на можниот излез.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Коренот и огништето на децата се градите на мајките!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Огнена Гулева или не го сфати или воопшто не ја тревожеше ваквото однесување на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го адресирав пликото што го пронајдов во фиоките заедно со другите празни плика и хартии на мајка ми, со надеж дека ќе стигне во Гоа, тогаш кога Игбал ќе биде таму.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тетка Анѓа ѝ кажуваше на мајка ми: татко му на Бузо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тогаш се јавив на мајка ми. Ми рече дека, секако, уште пред неколку месеци патот ме водеше кон дома, и ете сега дошло времето да се случи тоа навистина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Криевте од мене, но јас, иако бев малечка, сфаќав дека нешто се случува: чудно ми беше сето она што го правевте; но како што растев, сѐ појасно ми стануваше тоа; не можеше да ми избледи и да ми исчезне она што ѝ го правеше на мајка ми: ја тераше да носи појас на мевот; ја тераше одвреме-навреме тој појас да го зголемува, да му приклава дипли со памук и крпи, да го заоблува мевот што поприродно да изгледа; ја предупредуваше да се пази од луѓето и од нас децата, но кутрата мајка не можеше да се допази, да се дочува: кога тоа го забележав една вечер, не ме фаќаше повеќе сон; се преправав дека спијам, а гледав како таа скришум го вадеше појасот и на месечевата светлина дошиваше уште дипли.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Сашо, каде си? - го слушна гласот на мајка си. - Тука сум, мамо - одговара Сашо и се извлекува од под креветот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пелагија како да стана едно семејство со Митра и Чана, ама не ги заборави ни момите на мајката Роса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сакав да го постигнам вистинскиот спокој, позначаен од било која амбиција, за да го напишам вистинското писмо на Мајка. Не успеав.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Рајнер ме чекаше во својот дом за да може да заспие.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уцената на мајка ми не беше фер, но помогна. Ја сменив темата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А природниот кармички закон на космосот – не простува за непочит на мајка!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ја зближуваше со нив не само заедничкиот албански јазик, етничката припадност, туку и судбината на заминувањето, а со различните вери, само си ја зацврстуваа љубовта кон заедничкиот Бог што постоеше во природата на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Чист, измиен мермерот се белееше на сонцето, а сликата на мајка ми уште појасно испакнуваше на него.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Имаше докажани научни тврдења дека млекото на козата, според својот состав, најблиско е до млекото на мајката - доилка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Густав ѝ вика на мајка ни кога таа ми ја удира главата од масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За смртта тој не се решаваше прв да ѝ каже, од неа злото го крие, бидејки ѝ беше единствена потпора, левен, чедо на мајка си првно.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Двете деца, Пела и Доне, седеа долу, на рогозината и се кошкаа, врсници, а Доне, машала, на мајка му, уште еден бој врз момичката на Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како и многупати на ова речиси безизлезно надреалистичко патување во родната земја, кога барабанската реторика на моите водичи ме исклучуваше со мислите, за среќа, во свеста, повторно ми се отвораше вратата на сеќавањето на семејниот дом, на Мајка и на Татко, со сите во семејството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
(Стануваше збор за една жена од Моенци која препознала во насмевката на мајка ми, во одот нејзин, и не се сеќавам ушто во што, вистинска слика и прилика на исчезнатиот братучед: „Ти негова ќерка треба да си, ништо помалку“, така ѝ рекла на мајка ми, и веднаш, како подисплашена, посакала да се оддалечи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја подигам тогаш главата... Го гледам лицето на мајка ми веднаш до моето...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Книгата ја пишуваше длабоко во ноќите, кога се храбреше од енергијата која се ослободуваше во нашите соништа во градот крај реката, како што еднаш ѝ се доверил на Мајка!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сѐ му изнапишав: „како ми е страв да ѝ кажам на мајка; дека ме држат затворена како затвореница; како секој ден ме навиткуваат да се согласам за Никола и оти еден ден ќе го сторат тоа и без мојата согласност.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По смртта на мајка му, уште повеќе се повлече во сенката.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И уште кога завивањето ќе се прошири од ќерка на мајка, па како зараза ќе премине на тетка, вујна, золва, балдска, јатрва, баба и внука... отиде јабана сиот лицемерен малограѓански морал, паѓа моментално сета ригидна патријахалност, пука по рабови цела феудална нетолеранција, тоне туто-комплето конзервативната Америка "ко метак надоле", што би рекол чичко Фазли!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ми се чинеше дека се сеќавам како доаѓа кај нас и си игра со мене со една црвена касичка што ми ја донесла како подарок, но веројатно не ја паметам туку си имам скроено приказни за неа од фотографиите што сум ги гледал и од раскажувањата на мајка ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го пишував писмото со расположба која можеше да биде на Мајка природно туѓа, ми идеше некаков восхит кој растеше од моите прикриени амбиции.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие не беа зеле никакви алишта, дури ни палтото на мајка му.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
– „Ду! Мајко, Силјан по трем проговори“, ѝ свикала Неда на мајка му од Силјана.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Неговата маѓепсаност од надареноста на мајка ми, особено во кулинарските вештини, ја имам забележано од поодамна, всушност од оној ден кога по конзумирањето на убавото парче од Пасхата што ја беше приготвил татко ми за Воскресение, Лев Петрович очигледно задоволен од вкусот на празничниот колач изјави дека некогаш некој ако предложи да се постави или да се изнесе на пиедестал она што е најполезно и остварува највредни резултати во секидневието, тој без двоумење ќе се заложи тоа да бидат рацете на жената што умеат да создадат толку многу вкусни јастија наспроти трапавите и секогаш лошо приучени мажи кои на животот и не му прикажале ништо друго покрај она нивно необмислено незадоволство што неконтролирано го истураат насекаде околу себе.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа внатрешно неспокојство кај неа се зголемуваше со самото приближување на уште една година, сигурно е поради тоа, си мислеше, што повеќе да посакам во Новата година кога веќе Господ и Света Богородица се смилуваа на мене и ми го покажаа патот до благородното срце на мајка Перса!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
МИТРЕ: (кој досега се држи му излегуваат солзи на очите). Ај, ти, синко, остави на мене и на мајка ти.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Каја ги протегна ножињата, ги протри очичките, и кога ги отвори, го виде насмеаното лице на мајка ѝ наведнато над неа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Пред да си легнам, ѕирнав во собата на мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И почетокот и крајот од животот на Мајка, како и неговиот тек, беа речиси исти – сѐ беше обележано со нејзината лична трагика којашто ја поднесуваше и ја потиснуваше длабоко во себе без, притоа, ни најмалку да ги беспокои сите околу себе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Неа секогаш ја опфаќа една силна возбуда, или може да се рече страв од таа голема вода што тука под нив прво е една силна врева од што не се слушаат ни гласовите на луѓето, а потоа чиниш го завлекува воздухот најзината голема снага и Пела, се разбира, секогаш го има истото чувство дека тој завлечен воздух ќе се претвори во силен ветер што ќе ја откачи од рацете на мајка ѝ и баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
— Море оти, Толе, оти сине, да не си идиш, оти да не нѐ гледаш. Толку ли ти одмилеме, сине на мајка!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Настана детска пискотница, старски молби, плачки, пцости, физички напади и расправии, но откаде паднаа неколку старци од јатаганите на семејните, децата беа собрани и со кадијата на чело, одведени и затворени во еден конак, а старците си заплакаа и си отидоа во своите села да им ја однесат тажната новина на мајките и татковците од пленетите деца.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Беше тоа некаква анамка, што ли? Не умееше да ѝ објасни на мајка си. Не, никогаш не ја беше видел.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пелагија не се сеќава дека ја носела Пеличка до преку река, дека таму, на плоштатката ги чекал Мурџо, не се сеќава ни како ја изминале улицата Ѓуро Ѓоновиќ и како се нашле во дворот на мајка Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Љубовта на мајката кон детето е љубов кон еден дел од самата себе. Една форма на самовљубеност.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние неа ја поврзувавме со нашето писмо испратено во Италија за да ни се достави каталогот на Мајка од Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се викаше „Прстен” и, за чудо едно, воопшто не ми беше здодевен и неразбирлив како другите нејзини текстови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Деспина ти е на ред, а колку што заушувам ѝ се чакнуваат очите со на оној што ја накитил така убаво книгата за пред Одборот! и на овој дел гласот на Пелагија како да ја разбуричка крвта во образите и на мајката и на ќерката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа болка се спуштила и на усните на детето, и на гестот на неговите раце – едната ја ставило високо на градите, над срцето, а со прстињата од другата се држи за палецот на мајка си, и како да покажува со показалецот надолу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неда немаше кого да кандисува, бидејќи сѐ што работеше таа, работеше со знаење на мајка си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Слушнав како ѝ рекоа на мајка ми: „Мајко разбуди ја Ласа да ја видиме, оти којзнае дали уште еднаш ќе ни се пружи прилика да дојдеме во селото, бидејќи сега ќе нѐ испратат на Грамос или Вичо, па може ќе загинеме...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Без да се обидуваме да дадеме врамнотежено толкување на целиот мит, сепак ќе забележиме дека карпата и орелот можат да се согледаат како две страни на мајката, за која некој е врзан: (карпа: „гранитни гради на очајот”) и која го прождира (орелот).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Јас го прекинав: - Мислите дека можело да се случи сѐ да било поттикнато од желбата на мајка ми, а тој, командантот се нашол затечен, или му недостасувале сили и умеење да ја избегне нејзината натрапливост?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Заедно со војниците е и кметот, па често на плачењето на мајка ми, одвраќа: - Не знам ништо...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
ТОМЧЕ: Од љубовта нема поголема маѓија и мака...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КЕВА: Леле, Томче! Ти не знаеш што зборуваш! И на мајка тоа да го речеш!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Гледаш? - Ѝ се сврте Трајче на мајка си - како им фуфка?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Им раскажував на мајка ми и на татко ми за мојот нов сакан.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Го испратив веднаш утредента, подготвена на долго чекање на одговорот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со овие неколку претпоставки јас си го објаснував сновењето на мајката на месарот горе-долу.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со целата душа и целото срце ја почувствував радоста на мајка Роса, ама во исто време годините што останаа зад мене ме наполнија со болка!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Со одговорот на мајка му само ми се потврди целата слика.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мекањето на козлето стигна в куќи пред плачот на новата рожба на мајка ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш татко ми беше сигурен дека нешто големо, големо се насобрало во душата на мајка ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дел од тие совети ние децата ќе штрбневме кога влегувавме во кујната по чаша млеко пред спиење, правејќи се дека не слушаме, додека тие двете, занесени во прикажувањето на мајка ми, ќе продолжеа со спокојниот ритуал на пренесувањето на бескрајните примери и тајни од семожните животни искуства.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мурџо се вкопа на место, се согласи со мајка Перса, ама за тоа побара одобрение и од очите на мајката Пелагија и дури кога таа немушто, во себе, изговори Да ѝ веруваш, таа ќе нè чува како што нѐ чуваш и ти! и дури тогаш се врати назад и се смести пред влезната врата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Господи, колку се разочарував и се нервирав на некои места! Ужас еден!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пак пркна... Ми киднува... Има сила...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еден од тие денови, кога моето истражување го прогласив за завршено, ѝ реков на мајка ми, само што беше влегла дома од работа: - Бидете без гајле, вашиот син не пуши! – и задоволно и гордо, значајно погледнав во неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еднаш го слушнав поштарот како ѝ вели на мајка ми „Онаа, легнатана, ако стоеше немаше да ни се причинува толку голема“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оттука зафатил Силјан да им ги кажува на луѓето сите грешки што му грешавал на татка си и на мајка си, што им правел, при сѐ што домаќинот од половината и повеќе беше му ги знаел на Силјана грешките.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Нани ми чедо, заспи ми, порасни јунак на мајка, еднаш те мајка родила, еднаш те сакам да умреш.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Едноставно чувствувам потреба да ја имам сликата на таа личност пред мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И најсилната љубов на мајката ќе беше беспомоќна пред вителот на еротската опчинетост во која тонеа синот и самата таа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Кажувај од кого нешто си зела и си го дала на мајка ми. Ти си одлепила сто насто.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да знаеја луѓето од Федерацијата, да допираше оваа вистина за козите до Врховниот водач, сигурно ќе попуштеа, по толкуте скришни и јавни молитви на мајките.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така е, на таткото и на мајката само на пусто лошо им оди умот.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Дејан водел љубов со некоја девојка на креветот на мајка ѝ и татко ѝ, и во занесот што ги обземал, девојката го кренала коленото во грч и го удрила Дејан среде неговиот убав нос.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Брзаше да стаса дома и да им ја соопшти на мајка си и на сестра си радосната вест.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Така велел талмудот, сетики за луѓето кои пред да бидат смачкани не цутеле како цреши.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сосема, сосема неразумно! А тој, умниот на мајка му, дури ни не трепна!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
У ја најави својата мрза многу рано. Само што излезе од стомакот на мајка си, заплака сосема кратко, колку да ја исполни бебешката должност и веднаш заспа, исто како да се наоѓа во стомакот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Му велеше Калија, завјасана во везењето: „Несреќно чедо на мајка, ами дали сакаш да ти навезам ибриче, како оние од чичко ти Марка?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
По некој извик далеку, топот и фркање на коњ, отворање и затворање врата, замавите на метлата на Надежда во дворот уште раното, пред да може да се крене прашина, кашлицата на мајка ѝ.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А ти наеднаш ги отвораш очите и со онаа твоја детска насмевка велиш дека ти не си јагнето што му ја мати на волкот водата од поточето бидејќи си пиел подолу од него, а водата не се качувала угоре и дека не даваш да бидеш изеден. Умното сине на мајка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури и повремениот мрморлив глас на мајка му, што однадвор допираше до него, му звучеше необично.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По смртта на мајка ми веднаш умре и мајка ѝ на Цвета.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа не ја ни осетува нејзината тежина додека ја изминуваат Ѓуро Ѓоновиќ сѐ до малечката куќичка на мајка Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А ти, ела малку по мене“, и Башмајсторот замина покроце кон бараката, зборувајќи како за себе: „Си нашол работа, аирлија нека ти е, само мене ми е страв да не би да биде ова сѐ што ќе ѝ однесеме на мајка ти“, а оној едно време гледаше по Башмајсторот, се подвоуми, Башмајсторот ниеднаш не се обѕрна да види доаѓа ли овој по него, чекореше спокојно, и најпосле оној замина кон бараките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Густав ми покажува цртеж на гола жена која се милува меѓу нозете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мртви, ги слушате ли моите воздишки и дали вашите соништа биле исти како моите?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко стана, ја помилува, ја гушна. Татковиот поглед патуваше со реката, кон север, по патот на јагулите, за кој не сакаше да ѝ говори на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Секако, немаше поим за планот на Рада и мекоста на мајка ѝ. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се обидуваше да ја вовлече во разговор, да ѝ го успори чекорот, но Пелагија го цапаше снегот со истото темпо и без зборови во устата сѐ додека не стигнаа пред вратничето на мајка Перса, од каде Чана сама продолжи накај Острово, кај Дончето и Митра.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И пак почна да се гали со детето: „Мори, милата уста на мајка!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но зборовите на мајка ѝ како ќе биде утре само таа в село писмена; како ќе може да чита „големи книги"; да пее в црква та дури и писарка на спаијата може да му стане и да вади добри пари, — сето тоа ѝ даваше кураж да издржи и редовно да ја посетува школата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Добро? - ми ја разбушави косата, галејќи ме по глава и гласно, некако нетрпеливо и рече на мајка: -Ајде, невесто, клај ја софрата да вечераме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
— Затоа него го направиа сега „попче“ — додаде Толето и си излезе под тремот да ѝ нацепи дрва на мајка си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Малечката Пелагија сериозно чекори меѓу нив двете, ама дека срценцето ѝ е полно со радост кажуваат нејзините очи исти како сината срча на небото кои ту се лепат на одвај видливата насмевка на мајка Перса, ту на сериозното лице на мајка ѝ која како да води некој безгласен разговор во себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Со трчање отидов дома да ѝ се пофалам на мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Одново го напуштам овој двор Со рака на усните за да не се чуе Што сакав да ѝ шепнам на мајка ми Некогаш на разделување, Некогаш кога цутеа црешите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Додека чекорев натаму, замислував како Густав лежи на креветот по мозочниот удар, лежи во бессознание, а Клара седи крај него, знае дека тој заминува, и првпат го гледа не како свој брат и заштитник туку како свое дете, се обидува да го разбуди од она што не е сон и од што никогаш нема да се поврати, му зборува и тоа веќе не е гласот на сестра која го моли да ја заштити од мајка им, тоа е сега глас на мајка која се обидува да го утеши своето дете во неговата нема болка, тоа е глас на мајка различен од гласот на нивната мајка, глас со кој Клара се обидува да го увери дека сѐ ќе биде добро, дека ова ќе мине, заборавајќи дека така се обидува да се разувери самата себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во сеќавањето додека го слушав Х.Х. , како го велича А.А. и неговиот придонес во убивањето на Бога во душите на луѓето, ми иде вруток мисли, ми оживува сеќавањето за друг дијалог на Мајка и Татко за душата....
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
— Нешка се нацица убаво и ѝ се насмеа уште некој и другпат на мајка си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вујко ми, Аламановец инаку, значи роден брат на мајка ми, вртејќи ја главата настрана проломоти Ами ако е за толку! со тоа што по она за толку ништо не додаде, па јас уште еднаш не го изодив патот пеш од центарот до Автокоманда.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Уште кога татко му рече дека бегот тропа, тој се наежи, но присуството на сите домашни, особено на мајка му, го закова во ќошот до ноќвите и само стоеше и слушаше што ќе сака сега овој „пес" во невреме кај нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека секавиците прават ден во одајчето и таа може убаво да го здогледа своето девојче како мирно и слатко си спие, таа во себе си вели Нели еднаш ѝ простив на Мајката над Мајките?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И набрзо ни стигна писмо дека тате загина за величината и славата на мајка Грција...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Не стварај идоли на земјата. Сите тие се родени од на мајка им пичката исто како и ти.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Само на мајките им е дадено толку сила и љубов, вели, само за нив господ има разбирање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овие нешта напати ѝ блеснуваа во малечката главичка, само никогаш не успеваше да си ги објасни или едноставно забораваше да побара да ѝ објаснат кога ќе се најдеше во друштво на мајка си и на баба Перса, односно на Мајка Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Невесто, ѝ рече баба на мајка, да му речиш да кумот да не кандиса друго име, ами само Митре.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но токму тој мој ќеф, барем јас така мислам, го забрза она што можеби и без тоа ќе се случеше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И Татко го чувствуваше ненаметливиот притисок на Мајка и децата да заврши тајниот пакт со Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јунаците на првиот Мајкин бал, во 1939 година, на чело со грофот Чано, тогашен министер за надворешни работи, ја нападнаа родната земја на Мајка. Нејзината родна земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега Трајче ѝ беше на мајка си сета надеж, хранител и домаќин во куќата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ѝ паднало жал на мајка ѝ и ја оставила и понатаму да цица. Кога го одбила Мил, се обидела и неа да ја одбие, но не помагало.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Карл осети, по гласот на мајка му, дека уште не ѝ е помината лутината.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Зар може да ѝ се прости на мајката на Исус Христос што дозволи на својот голем ден да се случи толкаво големо зло за да завие цело едно село во црно?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Камилски ѝ даде на Мајка куп семиња за цвеќиња кои ги испраќаше неговата сопруга и таа одамна внесена во цвеќарството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да ја напушти куќата на мајка му, татко му, баба му, дедо му...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ѝ се стресоа рамената и Циљка виде како меѓу прстите на мајка ѝ, потекоа солзи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И кога нема да го гледа така, ќе го осуди на смрт.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така, неговата трпеливост се пренесуваше на мајка ми како тивка надеж, а таа ни ја пренесуваше нам, на децата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оваа противречност па дури и неправедна осуда на еден цел живот морам да признаам дека ја окарактеризирав како црн знак што ја краси судбината на несреќните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа се обидува да ѝ угоди и на мајка ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„А јас не сум шугава“, и викнала мајка ми. „Фрлаш жарчиња а од пламенот бегаш!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На татко ми му помагаше во средувањето на сметките од дуќанот и во пополнувањето на даночните формулари, што нему му создаваа нервози и нерасположенија.  Рашела едноставно стана дел од нас, тивка и ненаметлива, ни се наоѓаше на сите, а најмногу на мајка ми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Сус! - просаска татко и откако намуртено нѐ погледна сите, и уште понамуртено ѝ заповеда на мајка: - Донеси ја софрата да вечераме!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од раѓањето па до венчавката девојките најчесто беа чувани во потполно незнаење за сексуалноста и можеа само нејасно да ги насетуваат нештата; од дома излегуваа само во придружба на мајките или на некој од повозрасните роднини; од нив се криеше секоја претстава за интимните делови на машкото тело и секоја претстава за интимниот однос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во далечината јато жерави се спушташе кон копното, упатено до еден од најголемите птичји резервати во светот, во една од нивните можни гробници, кога по илјади години по последните летови завршуваа во фосфати Најпосле помислив на писмото што требаше да го напишам на Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чардаците пак и конаците покрај манастирот, кои ги подигнаа скопските папуџии од еснафот, за Тодора беа како чардаци ни на небо, ни на земја од приказните на мајка ѝ и постарите сестри, зашто со око што добиваше крилја од нив, се гледаше целата котлина и Вардар, и се леташе високо, а не се паѓаше длабоко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Тој ак“, му рече сега Башмајсторот на оној, „е акот на мајка ти, и јас него ќе ѝ го дадам нејзе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој недостиг од желба на субјектот суштински е поврзан со дилемата за желбата на мајката.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ќе се родеше едно смрзнато дете, ќе ја побараше смрзнатата цицка на мајка си и, со мајчиното млекце на устето, му ја предаваше смрзнатата душа на Господа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мојот дедо татко на мајка ми Нисе, син на прабаба ми Трајанка, беше работлив човек. Понекогаш знаеше да претера со работа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тогаш Мајка, чекајќи го Татко, уште еднаш се најде со своите чеда пред затворената врата на судбината, откако ја минавме среќно границата испишана под водата на езерото и според сказните во кои ние децата верувавме дека била чувана од триглав змеј, кој се будел на секое минување на границата и ги повлекувал барките на дното, веруваше и сега, како и тогаш, кога ги искажа сите молитви од дното на душата, дека Бог и овој пат е на страна на мајките кои тој ги испратил за да си ги спасуваат своите чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Рипнале сите просто и на врата в куќи го пречекале, сите плачејќи го избакнале и здраво и живо сториле, а Силјан им бакна на татка си и на мајка си десница и проштење им сака за клетвата што го втаса.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во еден момент дури слушнав како им довикнува од прагот на нејзиниот стан на претставниците на куќниот совет дека таа многу брзо ќе ја среди збрката, а дека наскоро од градското собрание треба да пристигне и син ѝ со упатствата како да се постапи при ваквите појави.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Требаше да се заслужи оваа тишина, како што се случуваше на Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веројатно во него имаше и дека сум бил во Автокоманда кај вујче Сотир, братот на мајка кој сам живее во голема одаја на кат во убава зграда, ми рекол дека можам да појдам кај него, ама по тонот сум заклучил дека не сака да се населам кај него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- ти се молам, мила ќерко, поврати се дур е време - оти ти си многу млада - многу млада росен цветец - ај, погледни уште еднаш - проговори уште еднаш - да ми дадеш проштевање - на мајка ти некадарна - од болките да те варди - од болките да те спаси - леле, леле јас сирота - што сум била таксирлија - што ме најде небиднина - ај, со тебе јас да легнам - да те топлам, мила ќерко - како в земја да те легнам?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога наближи времето за патување на годишен одмор, едно утро Љупка и Сашко ѝ рекоа на мајка им: - Мамо, годинава некако не ни се оди на одмор...
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Татко ѝ велеше на мајка: За Јована ни даваат невеста и ќе земеме, туку за Анѓа веќе треба да мислиме.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Тогаш и жртвата што ја прават некои мајки за своите деца не е жртва, затоа што она што го прават, го прават за себе, за нешто што го доживуваат како дел од себе?,“ се вмешав во разговорот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бев спречен да присуствувам на погребот на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мил син на мајка. Колку само на овој светол празник ми недостасува! Пуста туѓина!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вујна Клементина ѝ ја беше раскажала албанската варијанта за жртвуваната жена, на тврдината Розафата, на својата внука Ервехе којашто таа никогаш не ќе ја заборави во животот и ќе си извлече сопствена поука, но сега, накусо, ѝ ја раскажа и на мајката Амелија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајката не може да го види тажниот неспокој на своето дете; таа гледа кон некое друго место, некаде далеку.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неговото ситно сестриче, обесено на мајка си со двете рачиња, како мајмунче, молчеше гледајќи во него преку мајчиното рамо со големи, тажни очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Грижата за светите книги ѝ ја остави на Мајка, а таа на секого од тројцата синови им даде да носат по една света книга, кој Библијата, кој Куранот, кој Талмудот, верувајќи дека Бог ќе ги спаси кога ќе ја минуваат границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А, кога ќе се роди, татково име да носи. Ќе ѝ биде на мајка атерот.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Цветот што прв ќе ороне, треба по секоја цена повторно да расцути, ама тоа е како новороденчето да го враќаш назад во утробата на мајката, како откорнатикот да го засадуваш во родината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Чанга, великиот Чанга, и во прегратките на смртта мислеше на нас, своите козармаалци, на децата, на мајките, на старците!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дури и оние поединци кои можат да имаат разбирање за ваков вид желби, каква што беше желбата на мајка ми, при изборот на тумбата за гробно место, зар можат да го сфатат начинот на кој беше искажана пораката?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веда не се колеба да заземе држење на презирна надменица кога ѝ се обраќа на мајка си: „Никогаш не си зборувала за твоите, од кај си“, вели, реторички изземајќи се од своето родословие по мајка, небаре „нејзините на Милдред“ не се, всушност, и нејзини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Замисли си, да го видиш ликот на мајка си, или на онаа која ти е прилегната до срцето, како се лелее под површината на водата а нема сили да се измолкне надвор и вистински да се покаже.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Утредента попладне се упати Томето накај дома, бидејќи ѝ имаше ветено на мајка си дека ќе руча дома со неа и Тинето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Наведнат над книгата, Арсо го слуша гласот на мајка си далечен и нереален: - Дојди на ручек, Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А тие Баручиеви на мајка ѝ на Ботка ѝ ја одзеле белезицата уште во оние дамнешни капиталистички времиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Судбината на централниот (или: единствениот развиен) лик во романот – ликот на Ервехе, фокусот низ кој се прекршуваат и ломат дофатните и недофатните зраци и котелци на приказната, се разгрнува низ континуирани и системни настојби на Мајката, означена како браник на семејството, да се опстои покрај сѐ, покрај силните и жестоки удари на суровата стварност.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
— Тетка, на мајка му сестра...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледав како понекогаш ветерот минува преку него со исушен лист, или како некоја птица – врапче, гавран или гулаб - застанува на него, да се одмори, да си го наостри клунот од металните држачи, или да го исфрли од себе изметот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Конечно Татко, испратен од здржаните солзи на татко му и обилните солзи на мајка му во пролетта 1919 година заминува, според сите претпоставки, најпрвин во Солун, а потоа со брод кон Измир, каде што го пречекале наши роднини.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На крај се јавив на мајка ѝ на Ило да ми ги прати по такси.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И во времето кога се ближеа залезите на нивните животи и кога бевме далеку од нивната семејна орбита, со наши семејства, тие веруваа дека сѐ уште не престанала нивната мисија, нивната родителска грижа, посебно на Мајка која, и натаму, веруваше дека Бог ја одржува во живот токму за да си ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Девојчињата им правеа пречки на мајките во работата, та Муарем сакаше да се куртули од нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Учеството на Мајка во балканската историја беше директно, посебно низ историјата на нејзините страдања во спасувањето на децата, на семејството, во времето на војните и на преселбите, додека Татко речиси целиот живот ја пишуваше својата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Ти зборувам за оној пакет што го дадов на мајка ти на рака, уште пред три недели.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас сум ѝ првото живо дете на мајка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Климент Камилски не знаеше како да ѝ се заблагодари за одличната тава имам бајалди, не можеше да најде вистински зборови, сакаше во мигот да ѝ бакне рака на Мајка по втор пат дента, но виде дека тоа не оди, па мигум се откажа и ѝ рече воодушевено: Одлична Ви беше тавата имам бајалди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Е па, додека дојдам следниот пат, мораш тоа да го поправиш, за да можеш ова да ѝ го читаш на мајка ти”, рече брзо дубровчанецот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таа тивко, а на мајка ѝ срцето ѝ крвавеше.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дури не можам да се сетам ни каде се наоѓав; (веројатно во некој од походите по планините, помеѓу две борби); а и верзиите што ги слушнав за денот на погребот не се совпаѓаа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Одиме кај моите дома на ручек. Самата ќе се увериш во кулинарските способности на мајка ми.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека се појавија сватовите Милка и Пелагија се префрлија во спалната каде што беа другите моми на Роса со внучињата Венко и Стојанчо и Пела, која, завлечена од нив двајцата и од нивната неконтролирана игра, заборавила дека треба пристојно да се однесува, особено кога се во туѓа куќа на гости, ама неколкуте прекорни погледи на мајката ја смирија и за кусо време ја снема од спалната, се смести крај бабата Перса и внимателно се вслуша во разговорот што го водеа бабите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Гледа Богдан: во сѐ личи на него кога тој беше на таа возраст; исти очи, исти веѓи, нос, насмевка и ретки заби, остри како клунчиња од птица; на лицето му се забележуваат исекотини и лузни од мавање со децата; насмевката му е недовршена, изнасилена; на рамото се гледа дел од раката на мајка му која веројатно го задржува да се слика.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Последен пат го видов на свадбата на Јане Скендеров кога на мајка ми ѝ објаснуваше дека само јас од цела фамилја знам правилно да ја држам чашата за вино, исто како и тој.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
1 „Ах, ова дете, мил Боже пази ми го, што ли прави ова дете на мајка, вака да ми страда, во оган да гори, треска да ја тресе, а да не можам да го запрам, да ѝ помогнам, од маката да ја ослободам....“ - со светлосна брзина ѝ минуваа мислите на мајка Ленче низ главата, мешајќи ја зеленчуковата супа на шпоретот и спремајќи нови ладни облоги за Томето, најмалото и најубавото дете од нејзините 8 деца.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На мајка ми, која повеќе не гледа, мојот татко би сакал да ѝ ја чита книгата на македонски, нејзиниот мајчин јазик, единствениот со кој се служат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Џабе им е дипломата на брат ми и штедната книшка на татко ми и на мајка ми кога и тој и тие можат газ да си бришат со нив, оти скоро ни тоалетна хартија нема да има.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Црното млеко на ноќта Ми ја криеше раката Дигната високо, Превисоко, До патецот над челото на Мајка, На разделот на косите нејни Што сега ги плетам Сам во самица Самувајќи.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Малечката Пелагија ги има свиено своите малечки раченца околу вратот на мајка си, само очињата ѝ се свртени на кај жолтокафеавиот Мурџо, кој, врти со опашката како со кадела, ги шета очите лево и десно, повеќе нагоре, како да се во некој нем разговор со очињата на Малечката Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Помисли на мајка си, на нејзината насмевка, помисли на деда си кој умре сам во својата куќа, се сети дека никогаш не го видел татка си.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бабата Петра си направи три пати крст на градите, мислеше никој не ја гледа, ама тоа не ѝ откина на мајка ѝ на Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Истрча во градината, се скри меѓу рибизлите и почна да размислува: млекото на неговото братче се згорче кога тој се налути дека не му го дадоа нему да го испие; забот на дедо му испадна кога за нешто му се караше, а Димче гледаше токму во тој заб и посака да му испадне; јазикот на мајка му се заврза кога тој утрово си помисли: „Да ти се заврзе јазикот!“ бабата си го поткаса јазикот кога му се караше...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го гледам високото сонце, застанато токму над ковчегот на мајка ми која се труска во колата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Постарите браќа не можеа да му одолеат на искушението, следени од будниот поглед на Мајка, да слезат, да се наттрчуваат со вовчето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потоа, кога и Миха седна на поставената маса, ѝ ја подаде на мајка му да ја стави на местото до неговата пожолтена диплома, па праша: - А сега? - Што сега? - се зачудија и Миха и мајка
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога на мајка му (која сѐ поосамена, поизгубена исчезнуваше меѓу фотографиите, мебелот) ѝ соопшти дека долниот кат од куќата ќе го преуреди во Гостилница, веќе одамна го имаше изодено својот пат.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
На мајка си, која долго време не стануваше од постела, ѝ велеше: Твојата ѕвезда, мајко, ќе се затемни и ќе се смени во сечко.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во зборовите што ги изречува додека го дава поклонот има искрена радост и топлина, пожелувања за љубов долготрајна што ќе донесе товари радост во срцата на мајката Роса и на мајката Вета, идната нејзина мајка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)