И ене го најпосле и „Илиос“ на Трибор, како нункова погача, на лоза печена, поцрвенета на горната коринка. Не излегол ни еден остен, а веќе насекаде се осетува неговото пријатно присуство со светлиот поглед и пријатната пролетна топлина.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Врви мравјата работа околу нив. Лозјето се спушта благо надолу, и ако гледа подолго човек по вршките на лозите, што преминуваат натаму во другите лозја, му се чини како едно зелено мирно заталасано море да го дели од полето и од градот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А јас би сакал да слезам од овие ѕидишта по славејот што клука под стреата по шумот на водите по ластарот на лозите зашто уште копнежот клука и времето ме јаде да слезам да истрчам да избегам во просторот во просторот зрачен потопол од сето време.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Му даде име Скрче, и му ја одбра најдобрата ѕвезда и му претскажа добра судбина: здрав, умен и продолжувач на лозата од татка си. Под таа ѕвезда и растеше Скрче.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
А растеше тоа Дуде, самонаречено Горде, како напрчен ластар што се двои од другите, а сепак останува на лозата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А ангелите по ластарите на лозата седат со побожно внимание работата на копаничарот ја следат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ги свртувам очите натаму, и што да видам: ја кренал Семјон раката над главата и го пипа стебленцето на лозата; потоа, бавно, со јаготките на прстите патува по сите кривини на дрвото, како да ги поминува низ најбавен ритам деновите и изминатите години кои само за неговите прсти оставиле траги на прачката на лозата; сето тоа го правеше токму онака како што постапи и син му, пред малку, додека ја пипаше истата прачка; некои невидливи чекори, стапка по стапка, бавни; и син му, како да настојува со прсти да го помине сиот оној пат што се издолжил по лозницата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А тој пат само со еден поглед може да се изврви...
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ги сослушаа и пријателите и роднините на Андро и дознаа дека Андро многу жалал и пекал што немале деца, што немале пород, наследник, продолжувач на лозата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)