Христина со вториот маж, децата од вториот брак и внуците живееја на улицата Ваци Ут. Ја имавме запишано на ливче.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Едноставно му ја кажав вистината: - Содржината на ливчето ја запишав во резиденцијата!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тука за преврзување ми помогна Бугаринот. Јас му ги подавав завоите, а тој го преврзуваше.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Не стана и не ѝ честита. Но по малку време нешто се скрши во него. Ѝ напиша на ливче: „Прости за навредата...“
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Командантот чудно свесен напиша на ливче хартија: „Земете го пиштолот таму каде што падна и нека ме замени некој друг“. Сакаше да го одврземе, но Бугаринот не дозволи.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)