на (предл.) - кучка (имн.)

Бојан го набљудуваше и однесувањето на кучката.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Елена седна. Ја поткрена главата на кучката и ја положи врз својата нога.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Раката на Денко почна да се лизга по козината на кучката од главата кон опашката. - Стрела, Стреличка, - нежно шепотеше Денко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како на кучка ми излегол јазикот, ама што ќе правиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако не беше ѝ свикал овчарот Смиле на кучка да го пушти Силјана, ќе го испердушела уште за малце.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Мило, се плашам дека сѐ повеќе наликувам на кучкана на Кавракови што најмалку два-три пати годишно наидуваше по каменливата патека а знаев дека не доаѓа по сув краешник. Не ја водеше гладта“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Остави - реков. - Јана ми ја одзеде првата љубов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Од сојот на кучките - ме префтаса помеѓу гробовите гласот на Катерина. - Што наоѓаат кај неа мажите?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)