Двапати се прошетав по корзото (беше преполно; млади парови се држеа за рака и се бакнуваа); сето тоа ме вжешти, ме доведе до една ситуација на бескрајна тага и копнеж; но јас веќе на Луција не гледав како на онаа Луција што ја знаев и каква што ја замислував, туку гледав како на курвата Луција, што подразбираше и извесна доза на желба за изживување врз неа; сакав да ја повредам, веќе не душевно, туку и телесно; сакав да ја доведам до солзи, да ѝ направам модринки, да ја понижам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во Битола само на војници и на курви се сопкаш, велат. За едно кравајче леб ќе ти го кренат фустанот, велат, за една чаша ракија ќе ти се расчекорат, ќе те опчекорат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)