Во рамките на кругот кој го претставува светот, ги гледаме концентрично поставените зборови кои го сочинуваат насловот на книгата и посветата на надвојводата Фердинанд, исто како на насловната страна на Ars magne.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во алхемиската традиција токму на свадбениот одар се извршува coniunctio oppositorum на парот Брат/Сестра (Крал и Кралица), и како таков тој му е сличен на алхемичарскиот сад во кој се слави свадбата меѓу Сонцето и Месечината.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Квадратурата на кругот е една од најчестите алегории за освојување на вештината. Basillius Walentinus, алхемичарот од 17 век, ги поврзува квадратот, кругот и креветот за да ја изрази следнава идеја: „Креветот на Мајката кој до скоро беше квадрат / Наскоро ќе стане Кружен.“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Е, ај кажи како се прави шопска салата!“ И им кажав. Ако е за гости, ги прашуваш дали јадат кромид, дали јадат луто... и го сечеш патлиџанот на коцки, ставаш краставица, пиперка, кромид на кругови и сирењето на ситно го рендаш... И тоа...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ете нека биде 1:0 за мене еден за тебе нула Нулата повеќе потсеќа на круг Земјата и сонцето се вртат во круг И сите нешта, нели и животот потсеќа на круг час на горе час на долу.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Отпрвин тоа се бавни кругови околу Неда, но со време тие стануваат сѐ помали, додека тој не стигне до точката која е центар на кругот, веднаш зад Неда.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Брзина на светлината
- Cour carré -
Како што затвореник излегува на прошетка
под надзор, сам и молкум
да се насладува горко
на дневната светлост
инаку обична, тогаш света;
како што несвесното си го подава грбот
на есенското сонце
да се згрее
а лицето да остане темно, како Месечина
од онаа страна на видливото;
како што затрупаниот бунар
посесивно и со мака
ги чува подземните води
усовршувајќи ја мајсторијата
да ги заташкува трагите
и да создава привид
на секнат извор;
како што квадратот е круг, и крст
и триаголник, удвоен симетрично и синхронично;
како што жената си краде од сонот
за да добие време
за да биде „нешто повеќе";
како што нема добивка ако нема загуба
како што нема сенка ако нема предмет ;
како што медитацијата бара отсутност
при подотворена свест за светот
и душа
а енергијата е материја помножена
со брзината на светлината на квадрат
- така дворот врамен со ѕидини желно
кон небото над Лувр зинува
се простира префинето како акт на Роден
или можеби на сестра му, Камила
со намера да го покаже
замислениот ерос на торзото
видено одзади
метатеза на тихоста
манастирска и метрополска;
- така стихијно надоаѓа тихиот дожд
желбата да бидам во средиштето
на симетријата бесконечен и рамнодушен број
ослободена од суета, од неразумно самољубие
зашеметена од ненадејната рамнотежа
на крстот, на квадратот, на кругот
и да се успокојам, ако веќе морам
оти со толку тревоги од различно потекло
добивам порив да излезам од себеси
а потоа како ќе се сложам и составам
во едно, знам ли?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во исто време, забрзано расте бројот на оградени заедници и згради со контролиран влез, или како што истакнува Антонио Негри: „издигнувањето на ѕидовите кои ги оградуваат зоните каде сиромашните не смеат да влегуваат, дефинирањето на просторот на гетата каде очајните на земјата можат да се собираат, дисциплинирањето на линиите на транзит и 57 Gary T. Marx, “Some Conceptual Issues in the Study of Borders and Surveillance,” in Global Surveillance and Policing: Borders, Security, Identity, ed. Elia Zureik and Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 14. 44 контролата која го чува редот, превентивната анализа и практикување на задржување и прогонување на можните прекинувања на кругот“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Апсолутната големина на јавниот физички простор се намалува, бидејќи истиот постојано го заземаат приватните претприемачи.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)