на (предл.) - крт (имн.)

Човекот, самотен и намачен, го има и му останува само ова слободно право да го излие гневот со безумство на кртица и трпеливоста на влажниот црв.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Чистејќи го снегот, луѓето личеа на кртови кои ријат а не се гледаат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Снегот никако не запираше. Патеките што Бојан со упорност на крт ги прокопа до плевната, до потокот и до изворот, набргу бараа повторно чистење, зашто снегот тврдоглаво се пластеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)