Во младоста силата на молкот и премолкот е помалку присутна отколку силата на зборовите, на криковите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како да оживувале старо заборавено оро на пагани што се игра по такт на крици и извици, се доближувале со челата додека се спуштале на коленици, и едниот и другиот со разголени заби и со блесок на модри белки под стиснатите веѓи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зарем човек не се раѓа со крик и сиот живот минува во стишување на крикот, до конечна, можеби трансцендентна тишина?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Неподвижни, сè уште со згрчени прсти на десниците околу дршките на јатаганите, борците со распорани утроби 'ржеле еден на друг.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)