на (предл.) - кривина (имн.)

Кога утрото не се појави точно во петнаесет до девет, како што вообичаено бевме договорени да се состануваме на кривината пред нејзината зграда, веднаш ми стана нешто сомнително.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тивкото брмчење сѐ повеќе нараснува, а потоа на кривината се покажува џип.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Да знае земјава да зборува, вели Мисајле Ковачот, не ќе може да докаже, ама нема е. Се спомнуваат силни војски и плашливи војски, се бара правина на кривина, а маката останува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Камионот веќе се искачува по превоите, преслопите, врти по свијоците, нѐ занесува на кривините.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека седеа завалени во фотељите околу сниската просторна масичка пред работната маса на сопственикот во механичарската работилница „Лихнида“ во Бармптон, Канада, авторот виде дека Едо знае дека Германија загина во сообраќајна несреќа на кривината кај мостот пред да заискачуваш на Плетвар на пат за Скопје.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)