Мислел дека ќе се смири, ќе се допокрие и ќе му се врати со морничавење на сонот, на кошмарот од кој веќе не можел да се ослободи ни буден, со воздишка од која студена молскавица ќе го жегне преку душникот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По еден нерод, не толку старечки колку продолжување на кошмар, разбуричканост врз која пливаат трупови на мртви мисли, Богдан Јанков се обиде да ја поврзе нишката меѓу парчето рај од сонот и рајот од кој светецот во шарена одежда им покажува на крстените паганици дека православјето им носи благодет, посребрена чубрика за толчење или за венче околу глава.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ги ослободил очите од тешките клепки начичкани со невидливи боцки на недоживеан замор.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)