Како и секогаш нафрла храна во јаслите, го срина малку ѓубрето кај говедата, им посла сува слама, па чекајќи така добитокот да му се порадува на убавото зимско сонце, да се надише свежина гризеше јаболко и пребаруваше низ мутвите на кошарата, низ сеното и сламата во плевната, низ сомнителните места во ѕидовите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се раскара со Бешот и другите организациони луѓе, го протепа во Градешница и самиот селски војвода Гулета, ги тевтиши Старавинци, Вешивци, Грунивци што избегаа од Витолиште и ја почна пак арамиската.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дури Тренков и другите организациони дејци, по страшните порази, се откажаа од борбата и од нападнувачка поминаа кон одбранбена борба, Толе си остана верен на својата клетва, дадена уште при напуштањето на кошарката од татка му Трајка во Крушевица, дека ќе се бори и ќе коле, тепа Турци изедници, а и нивни помагачи од која било вера.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се симна во кошарата, најде лопата зад вратата, каде што таа секогаш стоеше, па се зафати да го исфрла ѓубрето низ една вратница од западната страна на кошарата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Најдо од другата страна ја потпали копата, им појде на трлото и говедарникот, та им запна по една свивка запалена слама, а потоа и на кошарата во која што спиеја чифчиите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)