на (предл.) - костен (имн.)

Опојните, кристални звуци што, преку ширум отворените прозорци на колипката, се протегаа кон ниско наведнатите гранки на костените, преплетувајќи се со отсјајот на носталгичното септемвриско сонце.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Лисјето на костените ѝ ги милуваат белите и светли влакненца додека како кралица поминува низ зелените сенки на лисјето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше, го нема, сал името му остана што многу одамна го добило по крчењето на костените.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И лисјата на костењето ја добиваа бојата на огнот и како усвитен покрив висеа над шаторите.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Преку ден сонцето блескаше по врвовите на костењето и фрлаше шарена сенка под стеблаците.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)