на (предл.) - космос (имн.)

Ги гледаа работите правилно поставени: знаеја за кармичкиот закон на космосот и неговите казни, за враќање на лошото, врза нив или нивните поколенија ако постапуваат лошо!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во овој научен свет на астрофизичари се среќаваат обични луѓе, срдечни, гостољубиви и готови да раскажуваат и да се одделат за некое време од здодевните бројки и анализи па новодојдениот љубопитен аматер, каков што бев јас, да го запознаат со тајните на космосот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека пак личниот развој на секоја личност, како посебна планета во просторот на космосот, се открива преку анализа на сопствената еволуција како личност.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нн-нее, но еј, види што пронајдов наместо тоа: Неколку блокови потаму од местото кадешто зборовиве и јас се наоѓа­ме меѓусебно како помалку или повеќе судбински предодредени љубовници, астрономите на Научниот институт за телескопски истражувања ја бараат изгубената Темна материја на космосот - тоа не е ситна загуба, бидејќи теориски опфаќа 95% од целата работа и е клуч за одговор на прашањето дали целата работа ќе продолжи и понатаму, ќе достигне некоја рамнотежа или со огромна воздишка ќе се струполи во Големо собирање.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Наместо да се бави со сметање човекот почна да врши структурални анализи на космосот од бројки.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Со тоа светот ја презема структурата на космосот на броевите, што резултира заплеткани сознајни проблеми, бидејќи, како што се покажа кај сметачите, калкулативното мислење на светот не е способно само да раздвои (анализира) на составни делови, туку е способно и повторно да состави (синтетизира).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
НЕКОЛКУ ПРИМЕРИ ЗА КИБЕРПАНКЕРИ Carol Suen Rosin - заговорник за демилитаризација на космосот, стана посредничка меѓу американските и советски научни групи. Stanley Kubric е темел на киберпанкот. Mary Ferguson - психберпанк.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Знаеш ли, миличок, кој во тој миг може најубаво да ја почувствува суровата, единствена хармонија на Космосот?...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)