на (предл.) - кормило (имн.)

Преживувањето станува неподносливо кога помислувам на лудаците кои и понатаму стојат на кормилото на разбиениот брод, на сите оние страшни, испотени балкански властољупци кои се поиграле со милиони животи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Големата љубов што ја наследив од Мајка, која цврсто ме одржуваше на кормилото на животот, Мајка велеше дека ќе ја заслужам со нејзиниот благослов ако ја доживеам од моите чеда. Таа мајкина љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гури Порадеци беше пресреќен, на кормилото, што ја минавме границата и, според предвидувањата, навреме и безбедно стигнувавме со чунот кон нашата поинаква иднина, станувајќи, за толку кусо време, емигранти на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се припијувавме сите до топлото крило на нашата мајка, а Татко на кормилото на чунот го следеше веслањето на татковиот побратим Гури Порадеци на пат кон другиот брег на Езерото преку границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)