на (предл.) - корисник (имн.)

Прекумерната употреба предизвикува губење на телесната тежина и ја ослабува имунолошката состојба на корисникот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Компјутерската повратна спрега може да прави повеќе отколку само на тој начин да ги преуредува осетите на корисникот тие да дадат псевдоискуство на летање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Денеска, комерцијалните пилоти можат да ги надоградат нивните дозволи до некое ниво поминувајќи извесен број на часови на симулатор за летање.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Камерите го следат телото на корисникот, а компјутерите ги синтетизираат движењата на корисникот со артифициалната средина.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тешкотијата при влегувањето зависи од компјутерот, а слободните движења на телото стануваат текст кој компјутерот го чита.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Најдобри објаснувања за виртуалната стварност може да ни даде секако Jaron Lanier, wiz- ard (хакерски термин за некој што го владее подрачјето до најмал детаљ), пронаоѓач и водечка личност во VPL Research Inc. претпријатието, коешто прво го создаде комерцијалниот модел на ВР и со тоа ја приближи на широкиот круг на корисници.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Наместо нив, беше воведена одредбата според која на корисникот на старосна пензија, ако навршил најмалку една година стаж на осигурување по остварувањето право на старосна пензија, може да му се определи нов износ на пензија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имајќи предвид дека висината на сите три надоместоци е пониска од висината на платата, следствено, новото законско решение значи и намалување на висината на идната пензија на корисниците на овие надоместоци.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
9.  Поради сѐ порестриктивните одредби во поглед на паричниот надоместок во случај на невработеност, бројот на корисници на овој надоместок речиси двојно се намали во изминатата деценија, од 48.346 во февруари 1998 година на 25.335 во февруари 2010 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во 2007 година е воведено и работно ангажирање за извршување на јавни работи, сезонски работи и други повремени работи на корисниците на социјална парична помош.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)