Оттаму почнаа да ја наслушуваат надежта.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Намуртени, озлојадени, загрижени, тие брзаа да се доберат до некоја колиба или трло каде што ги оставаа кременачките, косите или крклизите и бараа некој обичен, предмет — јарем, палечник, плаз, некој сноп 'ржаница да кренат на рамо и со него да си влезат в село, незабележани, оти знаеја што ги чека дома сите оние што беа им се придружиле на комитите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На комитата пушката му е плугот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Оние што мислат и што чекаат помош од бугарскиот двор, се лажат.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Од останување насамо и од темница се плашеа како вампирот од први петли, зашто веќе им го имаа стравот на комитите кои и судеа и правда делеа.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Тој мој став го промовирав преку приказната за Кузман навивач, кој војната на комитите и турците ја набљудува од прозорецот на својата куќа, то ест од мирно место. Навива ту за едните, ту за другите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Голем дел од дезинформациите за наводните напади на комитите, по сѐ изгледа, ги ширеле заинтересираните муслимански кругови.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тогаш во дворот влезе човек со голема, веќе подбелена брада, опашан со колани и почна да им дава наредби на комитите на наш јазик.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Не се знае, песната што ја прочитавте во почетокот не кажува, а ни луѓето не знаат, - но Луман сигурно имал во Брезница и друго и јатаци, зашто само по неколку дена разбрал дека Бошко се пофалил оти ќе го предаде на комитите.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
А како ќе му одмазди Луман на Бошка за тоа што рекол дека ќе го предаде на комитите, се знаеше – со крв и никако инаку.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И зошто трипати се обидувала да слета на челото на комитата. А потоа наеднаш исчезнала.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И обата пати вината им ја фрлија на комитите наши, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Оти, овој ставил отров во манџата на комитите. Некој го потплатил.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)