на (предл.) - кмет (имн.)

Некои, пак, со пријателска и строга доверливост му шепотеа на кметот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Другиот прифатува: - И кажи му на кметот од нашето село да не се грижи за нас оти знаеме ни пцуел мајка партизанска и потскажувал па Тодора и Јована ги тепале ги ставиле во окови а со нив и мојот старец прашај ги твоите војничиња мајмунчиња како ги дочекавме на Момино Брдо и како бегаа од нас...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ручаа во дворот под сенките на муренките, крај самото езеро, обградени со мрежите што се сушеа оптегнати на муренковите дрвја низ кои сонцето одвреме-навреме блеснуваше и се губеше; чуновите шлапкаа нишајќи се на бранчињата, а кога ќе подзапреа, ќе се чуеше џвакањето на полковниците, на кметот и учителот, како и гргорењето на виното во грлото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од оној ден кога Бонети расположен кај рибарот Дејко му рече на кметот да му најде некоја жена, кметот го стави тоа на ум и почна да му бара. Но ниедна не сакаше да чуе. Реши да ја наговори братучетка му Цара.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Селаните, дознавајќи за мислењето на комисијата, се возбудија, излегоа на средсело, развикуваа, се лутеа на кметот и учителот што ги пречекуваа полковниците, што ги гостеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На Илија Антонов и на кмето од Бучин им ставија по 40 оки олово и ќе ги судат како членови на ВМРО и за „учество во атентато“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Убиениот Иван Бојаџиев бил предупредуван од Трбиќа, интересно е што, кога веќе знаел дека ќе биде убиен, зошто не кажал и точно од кого научил за тоа?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Настинал ноќта кога му ја отпеавме молитвата на кметот. Добил воспаление на белите дробови.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)