И на клучот златен ги видов истите букви, иницијали, како и на клучевите на тезгата на чудниот трговец Амореец, на пазарот во Дамаск!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Започна со тон како да станува збор за деловен проблем – размена на љубов за цигари, за чоколади, за што било.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ѓорѓија само ја подотвори устата и од што беше шокиран и разочаран заборави да ја излиже големата тегавица плунка што му се залепи за забот и усната.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Почека да го чуе чкрипежот на клучот, помислувајќи дека отец Иларион се вратил, и кога не го чу, го допре окото на клучалката и го забележа полковникот Бонети.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се слушна тропање на клучеви закачени на приврзок како котва од галија и вратата се отвори.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Чекаше цела вечност пред да слушне шлапкање од влечки во ходникот и вртење на клучот во бравата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
И видение јасно, светлина силна во умот ми се јави, па се состави мозаикот: ми стана јасно од какви причини го немало Лествичникот на закопот од неговиот татко, и разбрав дека отсуствувал шеесет дни и шеесет ноќи, токму колку што треба за да се потроши под нозете патот до Дамаск и назад, ми стана јасно дека го украл клучот од западната одаја, од рубата на неговиот татко пред овој да се упокои; и дека златниот клуч е умножение, дело на рацете на Амореецот; ми стана јасно дека Лествичникот, откако направил умножение на клучот, го вратил изворниот клуч во одајата на неговиот упокоен татко, и дека од тагата по таткото овој се лишил, само за клуч-близнак од одајата кобна да поседува.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)