И кога Крсте Младенов Акиноски стана глава на клонот на Акиноските што остана да живее на Имотот, односно на сираците Младенови и Спасиини, за да има кој да се грижи за нив, си донесе жена, некоја комитка, Султана по име, од костурските села, каде што комитуваа со братучедот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога Турците сопственици на чифлизи почнаа да си заминуваат од сета Пелагонија и од Потковицата и да се населуваат во градовите, тоа стана по бојот помеѓу орлите и штрковите кој во 1901-та започна на Алилово и се пренесе во Беговски Ловаѓе, односно тоа произлезе од страв од она опачно претсказание што го срочија христијаните по победата на штрковите над орлите, дека му е блиска пропаста на царството, жителите на Потковицата од своите бегови купуваа земја во близина на чифлизите или во дворните места на чифлизите и на новооткупената земја подигаа живеалишни куќи и се делеа на клонови.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Странските чети, српските и грчките, ако научеа дека некој сој е организиран, односно дека стапил во редовите на Внатрешната македонска револуционерна организација, сите негови возрасни припадници, и мажите и жените, ги исколуваа, ноќе, надопица, на спиење, па сојовите, за да се одбранат од целосно уништување, се делеа на клонови.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Вели: „Бевме кловнови. Или потсетувавме на клонови што ги повеле боси на прошетка по циркуска арена послана со трње место со триње!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)