на (предл.) - кеј (имн.)

Улицата беше мирна, пуста. Таа ја мина и се најде на кејот, пред бедемот на реката, под сенката на високите тополи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Покрај нив се наредени „колпортерски“ дуќанчиња кои се потпрени до ѕидиштата на кејовите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На кејовите и мостовите Најубавото место во Будимпешта се кејовите покрај Дунав и тоа од обата брега, во должина од десетици километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Отидовме во слаткарница на кејот покрај Вардар. Јадевме сладолед.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И немаше да морам, како сега, на продавачот на печени пченки на кејот да му објаснувам дека е срамота при толку ѓубре корпите за отпадоци да се празни.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И да беше тчно напладне, ќе се сторев Гари Купер, па ќе видеше ти убаво што ќе ти сторев, а и ќе ти ја соберев женската.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Со бавни чекори тој дојде до ниското камено ѕитче на кејот, крај споменикот, и погледна долу во реката по која играа светлини од сијалиците на мостовите и околните куќи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не знаев зошто ме вика, но претпоставив дека по онаа случка на кејот, Луција му раскажала дека јас сум фрлил со камен по џипот, и дека тој ќе бара да му ја платам штетата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Подоцна, во циркусот, кога созреав како маж, се убедив дека анатомските можности во технологијата на љубовта се сепак ограничени (иако можат да бидат мошне богати) и дека се сведуваат на тие, во суштина – неколку препознатливи сигнали и движења што се вообичаени, и дека без потреба сум се лутел на Луција таа ноќ на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И се свртев и ја оставив. Тргнав кон скалите на кејот и ја оставив така: разголена и понижена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како и да е, по таа случка на кејот немав никаков контакт со Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И јас почнав да измислувам: дека Луција дошла на мој повик; дека јас сум знаел дека ѝ е забрането да се гледа со мене, но сепак сум ја повикал; дека таа не се противела, дека со мене пиела вино и пушела цигари; дека самата ја соблекла кошулата, дека на месечината блеснале нејзините гради, како кај кучка (токму така реков, за да го излудам Фисот, кој, очигледно добро ги познаваше нејзините гради), дека јас сум ја одбил, а дека таа ми се заканувала дека ќе ме убијат од Партијата, затоа што ја одбивам; дека потем таа го слекла здолништето (ќелата на Фисот црвенееше сѐ повеќе и повеќе; жилата на вратот му се наду и мислев дека ќе пукне, дека кап срчева ќе го удри), дека потем јас сум ѝ ги слекол гаќичките, дека сум ѝ ги раширил нозете, дека таа ме молела да влезам во неа, и дека конечно, сум ја завршил работата, само заради сочувување на здравиот народен дух, и дека сум ја исчукал машки, по што таа долго ме бакнувала и ме галела на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас гледав во брошот; го зедов во рацете и го превртував; Јан стоеше отстрана, како во некој транс, како во некое бунило и велеше: „Јас го украдов, онаа вечер, на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можно ли е да му раскажала и за мојот машки дебакл на кејот?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Очите ѝ беа поубави од кога и да е; косата ѝ паѓаше до половината; беше седната на кејот до мене, сосема нестварна; ми беше на самиот дофат од раката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Поединечно, во јата и во бранови летаат гулаби и се спуштаат на кејот, собираат сѐ што сношти оставија зад себе шетачите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На кеј ролаат некои други клинки, прчли на асфалтот, ние на нивни години знаевме само ластик и џамлии.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
„Се сеќаваш како си игравме со сенките на нашите прсти кога бевме деца?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лежев на болничкиот кревет и си ги гледав раскрварените дланки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мене во болницата ме донеле луѓе кои виделе како трчам по кејот, како молам за помош, како паѓам на колена, како удирам со дланките од плочникот на кејот, како паѓам во бессознание.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Долго стоев таму, загледана во водата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога излегов од болницата, појдов, појдовме детето во мене и јас, на кејот на Дунав, онаму каде што исчезна Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа покажав на сенката која едно дрво на кејот ја фрлаше во водата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На кејот повторно има рибари, дури и по некој точак.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На кејот девојката си ги капе стапалките во зеленикавите бранчиња.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Поп-Кочина улица, што по едно енергично завивање излегува на кејот, беше многу попривлечна и со позанимливи луѓе со кои можеше да се живее.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа Круме ми го рече тивко, како да го кажа само за себе, и како да додаде: „Слобода ли е тоа?!“ додека двајцата гледавме во развеаната сукња на Илона, (небесно сина, широка во долниот дел, на половината припиена за телото, одназад врзана со тегетен колан), во миговите кога таа со ситен чекор по плочникот се оддалечуваше од масата на која дотогаш седевме заедно во бавчата на „Анте Портас“ на кејот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Фаик Бег Коница имал други приоритети, но никогаш не го заборавил стариот Леон Каин, директор на големата париска библиотека Мазарин, веднаш до Француската академија на кејот Конти...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Замислете си“, инсистираше Николина Кралева, „Нашиот другар седи на кејот, а вие можете и петпати да поминете покрај него и пак да останете незабележан или незабележана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оваа есенска магла е лицето на смртта густо од едно имитирано лепило густо од еден одвратен шепот што сака да е интимност густо од еден поглед преполн со излигавен мов Таа маска на смртта ги заканува гранките осамотени на кејот.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Како по старата традиција кога живеевме заедно, кафе или некоја лесна салата, покрај видикот на кејот на Вардар.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ми фалеше излегувањето во град, градската шема, пиењето кафе, шетањето на кејот на Вардар каде сите убаво облечени и нашминкани позираа на пладневното сонце.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)