на (предл.) - карпа (имн.)

По навик што сѐ повеќе губеше смисла или по инерција што сѐ повеќе губеше сила, уште ја ставаше искапаната врска околу вратот како износен и широк огламник, при сѐ што од вратот му беа останале само брчки од кожата и безгласниот грклан; а косата на главата му опадна пред да побели - па во очите на ненаситните колеги сѐ повеќе прилегаше на белоглав орел со одрана шија, кој уште со ноктите се држи на карпата чекајќи да се срони заедно со неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- По неа ќе можеме внимателно и умно до оној засек на карпава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Околу црните чела на карпите бели огнови Твојот заборавен говор е само пена што умира врз неми усни.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Стоеше тој запис на карпата како отсекогаш да бил тука, на еден древен пат, а Филозофот расправаше дека од времиња најдамнешни тука минувале каравани, натоварени со стоки, војски накитени со страшни знамиња, царски курири кои во галоп разнесувале пораки по сите краишта на тогашната славна држава и на нејзиниот цар, чие име подоцна го узнав, о блажени, оти времето тогаш уште не беше дојдено.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потем погледна во записот на карпата и рече: „Писмото е слатка, но смртоносна работа, како и медот и виното, и другите неотровни сластија, ако во неумерени количества се земаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По цели денови Филозофот минуваше качен на карпата, на папокот на светот, препишувајќи го чудното сочинение на книга, со калем; неколкупати сонцето го удираше во главата и тој се занишуваше, и сите мислевме дека ќе падне и ќе се здроби.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но запомнив дека токму под таа карпа тој цар на тоа силно, сјајно царство земно, поразил некој друг цар и потем заповедал на карпата да се вреже натпис што вечно ќе говори за неговата слава на овој свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Двапати го тресеше ноќна треска, но со првата виделина повторно го наоѓавме качен на карпата што говори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оти рече Филозофот: „Јас буквите ини на карпата не можам да ги прочитам и да ги узнаам; најпрвин на хартија или пергамент треба да ги ставам, за да може топлината да им се врати каменот што им ја одземал, што им ја шмукнал, па потем, според топлината на буквите ќе им ја определам светлината, бојата нивна, и конечно, значењето нивно.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
6 Во окото на камерата се сместени крајбрежните трски, мирнотијата на водата, мноштвото јата од разновидни птици, островот Свети Ахиљ и ѕидовите на големата, некогаш прекрасна катедрала во која се молел царот Самуил и неговите воини, високите езерски камени бели брегови во кои сѐ уште се сочувани пештерските црквички и келиите на калуѓерите- испосници и иконата на Света Богорица насликана на карпа сто метри над езерската вода.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Отсега, ќе живеат тајно, во шумите: таа, Мајката и тоа, под светлината на денот – жилаво итар немирко што се провлекува низ најскриените патеки или мрзеливо, оптегнат на карпата, ги впива сонцевите зраци; откако бувот ќе зачуди - - змивче, што нечујно се претопува во темнините, во потрага по птичји гнезда.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И пак се нафрлува на карпата. Започнува битка, тешка, неизвесна и без крај.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во утрото на петнаесеттиот ден тенката преграда на карпата се урива. Раката на Арсо потонува во меката земја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој пак се нафрлува на карпата. Од некаде му надојдува сила.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги побарав со поглед до крајот и ги здогледав. Тој, качен на карпата фрла јадица.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Одеа меко, тромаво и страшно како оние жолтоцрни дождалци што ги наоѓаше како дете на карпи, и за миг, само за миг, низ нивната прореденост откри, замисли, со напор на претсмртник создаде бескрајна сомотна долина во која пливаа во роса две синолички.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Човечки фигури, геометриски знаци и други форми пронајдени се, врежани или насликани, над и под земјата на карпи („петроглифи“), градби, гробници, грнчарија и други објекти во разни делови од светот. Нивното значење главно е непознато. 190 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Еден вид пајаци се спаруваат со муви уловени во нивните мрежи: не дочекувале пород и ги шмукале крилестите невести: потоа се повлекувале во пукнатина на карпа за да загинат од отровот на своите пајачици по нивното оплодување.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Му ја вратив јадицата в раце и станав. Тој остана да седи на карпата, неодлучно префрлајќи го конецот од едната рака во другата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ние се качивме на карпата и од неа можевме да ја видиме големата површина на езерото како блеска под западното сонце.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На оголени и карпести места поради мразното разорување интезивен е процесот на кршење на карпите.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бојаџијата го заварил погубениот студент, налактен на карпата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На Нумо длабоко му го отвори своето срце и му се чинеше дека беше единствениот човек со кого можеше и имаше за што да разговора.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Неколку војници ги откопнуваа крстовите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Писменцето што го држи во пазуварката како да го гори, небаре му се прилепило како лишај на карпа и не знае како да го скрие од погледите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Војникот му се доближи на офицерот и зборуваа нешто.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Знаев дека во одредот е и ќерка ми, та затоа се занишав, зачекорив и ми се стемни.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ветерот, удирајќи на карпите и дебелите борови дрвја, се крши од нив, му се одзема силата, ама новиот бран со уште поголема лутина и сила бие и зарикнува и фучи и стенка меѓу стеблата и високо над боровите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сандаците со патроните, мините и рачните гранати допираат, гребат, удираат на карпата, шараат по неа, се тријат, тропаат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа беше нашата прва чета, трет баталјон, единаесетта бригада.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Оттука моравме да се искачиме горе на карпите, беше стрмно, јас отстапував последна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)