на (предл.) - камила (имн.)

Се спружи во ладнината и во сеќавањето остана само белината на плочите, издолжениот врат на камилата и кротката влага во нејасните очи, палмата, трома и висока, а под неа камената зграда, исушена од врелиот здив на тропикот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На ушите имаа златни алки, во рацете држеа по едно долго копје.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Хабиб Бургиба, додека беше во Париз, по остварената независност во преговорите со Франција и тогашниот премиер Мандес Франс, вежбал јавање на бел коњ за своето триумфално враќање во Тунис, додека Јасер Арафат ова нема да го доживее.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нема да стигне според арапскиот обичај на победниците на камила.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Слушаше заморно вајкање, подвикнување, кратко и грлесто воздивнување на камили.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од песок, од ветар, од темница и од жед многу ми се спиеше и јас заспав, заборавајќи да му се заблагодарам на пустинското дете што ме возеше на камилата.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Не можеше да мине преку Осло на камила или на бел коњ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)