на (предл.) - истек (имн.)

Се шепоткаше, навистина, низ Струга дека еминот има намера со приходите од рибите да си изгради еден уште поголем сарај од претходниот, и тоа токму на истекот од езерото, среде Струга.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Овде, на брегот, пред големата врата на животот, зачнаа и моите големи пријателства со кои мојот живот и пишување добиваа нова смисла во моите спротивставувања на балканизацијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тука беше, првин, неговата цариградска диплома, со која стана кадија, па нејзината нострификација во монархистичката родна земја, па потоа нејзината валидност од времето на окупацијата, во градот на истекот на реката од Езерото.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Игор Лозински, кого судбината го беше казнила на горкиот егзил во светот, напуштајќи ја Русија во пламен, најде последен пристан на истекот на реката од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Потоа доаѓаа на ред јаболката, а на крајот, на истекот од зимата, кога сѐ веќе ќе се дојадеше, доаѓаа на ред дивите јаболчиња, киселиците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Еднаш Игор Лозински му рече на Татко, а на тоа сега убаво се сеќаваше додека се ближеше кон крајот на истекот на реката, дека руската емиграција е нов феномен во универзалната историја на човештвото, што можеше да се спореди само со егзодусот на еврејската дијаспора.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во шеесетите години на минатиот век во Струга, на брегот на Езерото започнаа да се собираат значајни поети првин од Македонија, па потоа од Југославија и на крајот од сите континенти на чудесни читања песни на мостот на истекот на реката Дрим, која се влива во Јадранското Море, на претставување на славен поет во Катедралната црква Света Софија во Охрид, на средба крај манастирот Свети Наум, на самата граница меѓу Македонија и Албанија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од 1961 година, кон крајот на август, во овој мал град се одржуваат Струшките вечери на поезијата: на мост на истекот од езерото, каде што се формира Црн Дрим, се читаат песни од поети од светот, таму каде што јагулите-женки го почнуваат своето патување кон Средоземното Море потоа кон Саргасовото Море, кога се ближи времето на затворање на животниот циклус.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)