на (предл.) - испитување (имн.)

Д-р Паскал Сотировски е горд на титулата, зашто вели дека таа му дава морални сили да продолжи посилно да работи на испитувањето на тајните на сончевите дамки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Една цел на испитувањето на овие прашања е да му се пристапи на геј- идентитетот од гледиште на социјалните практики и на културните идентификации, наместо од гледиште на самата геј- сексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
4. Ако доброто почна да бега и од него зашто тогаш не му рекоа обвинет си дека си луд, смртна опасност си за луѓето, дојди на испитување, болницата се наоѓа таму и таму, бројот на телефонот е во телефонскиот именик, туку дојдоа како ураган, обајцата - горила со ниски, безгрижни чела и зелени подочни кеси, обајцата колку тројца како што беше тој, набрекнати, сити рамнодушни за сѐ, дури и за себе, ни толку умни за да бидат некогаш луди.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Недостатокот на испитување на подолгосежните последици од екстази оневозможува да се открие дали дрогата има поопасни последици по здравјето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сакав да дознаам нешто повеќе околу организацијата на натпреварот, како, на пример, кој ја бира комисијата, колкучлена е, дали има претседател и дали сите куќи се предмет на испитување, но мислите ми ги прекина гргорот во цревата, кои повторно ми се разбудија, потсетувајќи ме на мојата стара тежина, којашто тукушто требаше да добие ново засилување.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)