на (предл.) - инсект (имн.)

Не ти дадоа тебе да видиш зашто порасна со црни очи-две џиновски мрави на земјата под Небото; Не ти даваат ни тебе да видиш зашто живееш меѓу убијци на инсекти.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Досегни го во ветрот досегни го во болот на корењето на убавите нешта пред да ти проговори со говорот на инсектите што го тркалаат над ружите својот облак.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Вриеше од птици што црцореа, од страсното грицкање на вервериците и на пругавите верверици, од мрморењето и од брмчењето на инсектите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дури ноќта, несоницата со цвилежот на запалената кучка те тера да ги протеруваш нечесните демони од себе, да се тресеш од лазењето на инсектите по жилите, да завиваш под јорганот, додека на стотина метри од твојот кревет, гледачите пред провинцискиот театар, уредно наредени во семејни кругови, чекаат да ги подадат билетите за вечерашната премиера.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
А човекот со хармониката, спечен и со удови на инсект, се виткаше и пиеше вино со затворени очи додека еден младинец му ја држеше стомната на уста, куц, тој со години подвижноста ја пренесувал во колковите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Останав да стојам без движење и без сили да се соочам со тајната што можела да му биде позната на некој веќе покоен чиј живот можел да има значење токму заради она што било и што е во него; куп безвредни книжни пари со восочен лик на некој монарх, записи и стари писма, чеиз и неразделиплен невестински фустан, секира на злосторство, фајанс, сребро, часовник со мртво време во механизмот, некаков пергамент, ферман акт на судбина, библија под черупка за клетва на непознати заговорници, ограбени тасови и кандила од наш западен манстир, суво ерусалимско свето дрвце, зографски платна, книги, алати, ископано, камено торзо од Стоби, шандани, присокриено брашно во некоја гладна година, мошти на лажен светец, трговски тефтери, бројници, ретки ткаенини, поскурници и дрвени распетија, беговски појас под јатаган, билје, мелеми, збирка на инсекти, коски, гниеж и претчувства, една невидена и невидлива магија, но таа, во допир со живиот свет, ќе го изгуби значењето и ќе не осиромаши за една загатливост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тврдоглаво се удираа во шишето од ламбата за да го уталожи гневот, тој започнува да ја следи хаосната игра на инсектите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Здодевно е ова брчење на инсектите во мозокот!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еве, дури и кога би седнала да пишувам за ова околу мене, за природата, би морала да се затворам во одајата, да не го слушам ниту зуењето на инсектите, па и темно перде да закачам на прозорецот....
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Расеан низ логорите на северот каде што не се пробива ни здив од медитеранските ветрови по кои сега копнее и тој.  Во оваа студена пролет на надежната 1945 која го полага својот априлски вел презаситен со мириси на билки и брмчење на инсекти, онаму, надвор од тријажната станица во која на валкани чаршафи, пред очекуваното ослободување на логорот Берген Белзен - лежи Цви Корец.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Патува со семејството и други логораши во германскиот белзенски транспорт некаде кон Дрезден или понапред кон никаде.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Притоа во позадината на овој неозвучен слој од неговите размисли како да се движеше и рамномерното брмчење на златниот инсект; мислам дека во тој момент ја сфатив таа неодминливост: дека ниту една неочекувана појава на инсектот не може да се замисли без придружба на необичната наметлива мелодија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дива горчлива крв во чашката на макот. Патот на инсектите е тих.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Има и кутија со многу мали предмети - има една џива што се тетерави по цилиндарот додека тој се врти, потоа зад нив има едни ротирачки маскирани вртлози со лице на инсекти што ви се плазат, потоа ги има оние мали спирали и пламенчиња, и некои други нешта што се случуваат.”
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)