Да го слушнеме крајот на излагањето!“ „... а ние ќе вложиме максимум сили и со ваква застарена технологија да обезбедиме мобилно следење на аерозагаденоста во градот и навреме да информираме, да предупредиме“ - зборуваше претставникот од Републичкиот хидрометеоролошки завод.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Татко трпеливо го слушаше, но во еден момент, повеќе во шега отколку како забелешка на излагањето на Камилски, рече: Ќе те прашам, пријателе мој, право да ми кажеш: кој ти е најслаткиот, најмил јазик?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски беше изненаден од ова прашање: чуму му е на учен човек како Татко ова наивно прашање.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се навали на својот крлук од кој не се разделуваше (дури и кога спиеше го ставаше под перница или во ровот и земјанката под глава) и се врати на излагањето на Захаријадис.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)