на (предл.) - изгрејсонце (имн.)

- На изгрејсонце сум се разбудила на еден зглавник со него, бабо, покриени со една јамболија... од една вода сме се измиле... во бела крпа од лебот и пиперна солца сум му врзала... и сум го испратила угоре сè до Самовилската ливада, до езерцата Пелистерски очи... по една темјанушка како нишан си подадовме - Ќе се вратам - ми рече - Ќе те чекам - му реков... и си замина отаде превалецот - како мама што си замина - накај Беласица...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Деветото господ ѝ го задржа, и го крсти Трајан за да трае, а Блосоениот по „Блосоените врби“ под кои го изми на изгрејсонце.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Па според адетот - завчера на изгрејсонце ги вапцав, само црвени - според адетот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Срцето ѝ играше од радост, не можеше да замисли да потоне во сон...дури многу подоцна, во мугрите на изгрејсонце, слатките соништа сепак нежно ја освоија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)