на (предл.) - извршител (имн.)

Ова недвојбено укажување на него како на извршител на злосторот, па Мусли бег, загрижен од одмазда на дворот врз сиот негов сој, се опинаше да го наговори Арслан бега да се откаже од потерата по Владимира Акиноски и да моли, и да измоли заедно, со помош на беглербегот битолски, нивни роднина, што побрзо да му биде даден ветениот имот во Битолско.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
8.  Извршителот за преземање на извршените дејствија наплаќа награда и надоместок на трошоците според: 1) цена за администрирање; 2) цена на извршните дејствија и 3) награда на извршителот за извршените дејствија (чл. 2, ИТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, потпишувањето на спогодбата се направи под определен притисок и со закани пренесени преку одредени вработени, а се со цел да се избегне скапата постапка на присилна исплата во еднократен износ, која би се спровела по пат на извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За време на целата парница, Машаланов ги покриваше само судските такси6 и нужните трошоци, а надоместокот за адвока- тот беше исплатен дури по завршување на спорот, односно по извршената наплата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Парничните трошоци, кои паднаа на терет на Агенцијата кој и го изгуби спорот, беа одмерени на 18.910 МКД (310 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бидејќи работодавачот во законскиот предвиден рок доброволно не постапи по донесената пресуда, задолженијата во истата беа присилно спроведени, со помош на извршител (Ж.Пријевиќ). 232 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Извршителот може да врши и други работи ако така е определено со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако тужителот не ја плати судската такса во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на тужбата, се смета дека тужбата е повлечена (чл. 146, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бројот на извршителите за подрачјето на основниот суд го определува министерот за правда врз основа на претходно прибавено мислење од претседателот на основниот суд – за бројот на правосилните и извршните одлуки на 45 основниот суд, а од Владата на РМ – податок за конечните управни одлуки кои гласат на парични побарувања кои би можеле да бидат предмет на извршување, како и по прибавено мислење на Комората на извршители (чл. 31, ЗИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога странката ќе предложи изведување на докази должна е, по налог на судот, однапред да го положи износот потребен за намирување на трошоците што ќе настанат по повод изведувањето на докази.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, бидејќи таа не беше спроведена доброволно – во оставениот рок од осум дена по приемот – истата подоцна е извршена присилно, преку извршител (Ж.Пријевиќ) од банкарската сметка на компанијата, што секако дека работодавачот го чинеше значително поскапо, имајќи ги 290 предвид цените за награда на извршителите согласно Извршителската тарифа.8 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓутоа, по разгледување на списите на предметот, судскиот совет (во состав: В. Јанкуловска – претседател, Љ. Нешкоски и А. Настевска – членови), во март 2009, ја одбива жалбата како неоснована и ја потврдува пресудата на Основниот суд Битола во корист на Лозановски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После добивањето на конечната пресуда во нејзина полза таа потпишува вонсудска спогодба со која се регулира исплаќањето на парите од страна на работодавачот и тоа на две рати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веќе следниот ден Поп отиде во американскиот културен центар во потрага по литература, а Марсо и јас почнавме да го промовираме ликот на Маклабас во „Неидентификуваното шоу на Калиостро и Кракатау“ измислувајќи безброј мали епизоди во кои Маклабас се појавуваше како лик на здивен балкански политичар кој освестувајќи се за реалноста на нештата се повлекува во шумите на „Маусдонија“ и почнува да живее како диво суштество кое себе се става во улога на извршител на некаква сопствена ирационална правда.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Властите можеле да ги дознаат бројот и имињата на извршителите на атентатите и нивните конкретни дела од самите преживеани атентатори.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Овие три етапи можеме да ги проследиме во развитокот на детективскиот роман: класичниот англиски роман на „логика и дедукција“ е сѐ уште сврзан со протестантската етика, меѓутоа американскиот „тврд (hard-boiled)“ роман имплицира пропаѓање на протестантската етика и пораст на „хетерономната“, кон-другите-насочена индивидуа; повоениот „злосторнички роман“ напишан од перспектива на жртвата или на извршителот ја вмешува субјективната позиција на „патолошкиот Нарцис“, изопштеник за кого темелниот социјален Закон се нивелира на рамниште на незадолжителното „социјално правило” - „Не убивај!“ има подеднаква вредност како и „Не го повишувај гласот во друштво!“ и другите правила на убавото однесување што ги кршиме затоа што „некојпат не може поинаку”; така, Thomas Ripley, ликот од серијата на романи на Patricia Highsmith убива ако е тоа потребно, и по убиството нему навистина му е лошо зашто морал да биде толку груб...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)