на (предл.) - извик (имн.)

- Оф, ангелот и не е толку бел! – се сетив на извикот на Катерина кога ќе посакаше да ми го изрази незадоволството или сомнението во однос на некои мои објаснувања па и постапки!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Оф, ангелот и не е толку бел“ ги повторував тие нејзини зборови во себе додека слушав како таа им раскажува на некои непознати луѓе за мојот однос кон неа, за нас, за нашиот живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Набргу детето ќе испливаше на брегот, слепено со грбот на својот коњ, па, не обѕирајќи се на извиците на престрашените мајки и нивните возбудени и восхитени деца, ќе одгалопираше угоре, преку маслиновата гора.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Извикував и јас десетгодишник без да ја знам смислата на извикот, на историјата!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Масата еуфорично реплицираше: Животот го даваме, Трст не го даваме!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)