Според неговата длабока, интуитивна логика, со која најчесто се спротивставуваше речиси на наследената инерција на фаталноста, настојуваше да открие некаква трајната закономерност, крај силните барабани на дијалектичката патетика на новите времиња, дека токму при падовите на империите, се отвора пандорината кутија на со векови потиснувани страсти, на идеалите на поданиците на Империите, на многубројните народи кои биле потчинети на една власт на чие чело бил императорот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Често пак од еден народ историските прилики бараат или корено изменување на народните идеали, коренен обрат на идеалите во друг правец, или го загрозуваат него со полно уништожување.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се зборуваше дека противниците на идеалите на кои требаше да биде изградена новата Германија, ги носат во логори, и ги принудуваат на тешка физичка работа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
За „теорија“ веќе не се смета пасивното набљудување на идеалот, туку прогресивната изработка на модели што можат да се проверат во пракса, значи низ посматрање и низ експеримент.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во времето на идеалите го одбра за идол Џон Траволта од филмот „Брилијантин“, а јас си останав Сенди што не ја накадри косата и не облече тесни хеланки.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ова христијанска интуиција на сличен начин се појавува и во солидното потекло на идеалот за политичка еднаквост и политичка слобода, т.е. држава во која нема да има привилегирани и непривилегирани, занемарени и претпочитани.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)