на (предл.) - зурла (имн.)

Лазор, уште позасрамен, само се вртеше во круг како уловен во стапица и чувајќи се на биде потфатен и уште веднаш, уште и незапочната борбата кутнат, (имаше скроено план ко ќе подмини борбата, за да си ги прекине маките, сам да му се предаде на противникот) со поглед, меѓу прилепските првенци, го бараше Максима.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На знак на Абдурахим Али и при уште посилно трештење на зурлите и тапанот, борбата отпочна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Истовремено со нив пристигнуваа и музичарите. Надалеку ечеше звукот на зурлите и тапаните.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Одејќи по звукот на зурлите и бувтањето на тапаните, дојдоа до куќата на Китан.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Чукнете го тешкото!... Тешкото!... (На даден знак со шамијата, свирачите почнуваат да го свират бавниот ритам на тешкото македонско оро.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Со приближувањето на тапанот се слуша и мелодијата на зурлите, придружена од пијаното пеење на Караман Атанас).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Истиот час, еден од клисарите со крената рака, и со некои други ишарети, ја запре свирката на зурлите, тапаните и гарнетите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А во мозокот думкаа подземни тапани и го прободуваа писоци на зурли.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во ушите започнува да ѕуни неодредена и заглувната музика. Го замачија пискања на зурли.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)