на (предл.) - злоупотреба (имн.)

Создавањето литературен јазик е духовна потреба кај нас, со која се мисли да им се стави крај на злоупотребите на пропагандите со нашите интереси и со која треба да се создаде свој литературен и научен центар за да се нема нужда од Белград и Софија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По десет години, со носењето на новиот ЗРО (2005), од оваа листа на недозволени поведенија се избриша случајот на злоупотреба или пречекорување на даденото овластување (чл. 82, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во таа смисла на жените не им се потребни шокантни трансгресивни постапки со коишто „модерните примитивци“ ги изразуваат своите примарни пориви, бидејќи експлицитното женско тело на сцената веќе самото по себе е трансгресивно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таквите размислувања во деведесеттите се поттикнати од неколкумина жени коишто со гестови полни со иронија и цинизам укажуваат на злоупотребата на женското тело во сексуалната индустрија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)