на (предл.) - земјанка (имн.)

Барајќи го со поглед Марка, со изненадување виде дека грдомасниот слаб митролезец на нивната чета, Босанецот Мујо, со својот „шарец“, насочен кон влезот на земјанката, лежеше со кундакот стегнат во десното рамено, окото на нишанот и прстот на чкрапецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Притисна глава до Циљкиното рамо и се загледа во таванот на земјанката со очи на расплакан, ожалостен и несреќен ангел. Циљка ја погали по глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во огништето ископано во ѕидот на земјанката згасна пламенчето и земјанката заедно со големите сенки расфрлени на ѕидовите, потона во мракот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пламенот што се превиткува во средината на земјанката го осветли нејзиниот десен образ огрден со дебела лузна во чија средина сѐ уште е залепен загноен струп.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чанга можеше сѐ да поверува од книгите, ама никако не му влегуваше в глава, тврдењето дека Калето според остатоците на земјанки и колипки е старо четири илјади години.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)