на (предл.) - жетварка (имн.)

Пак кога знаат оти сакам да се женам и ќе им се запулам! (Општо смеење.) (на жетварките). Ајде мори, речете уште една!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
(На жетварките, кои, откако почнаа со пеење, седат накрепени на прозорците и со половината внатре.) Ама се заинаетивте: не влеговте внатре да бендисам некоја.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНА: (на жетварките). Елате мори, влезете ваму!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
(Се слушаат чекори на жетварките). Жетварките се. Слушај, Ано, не ги носи овдека, сакав да кажам не ги викај ваму.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ќе се вратите пеејќи за сончев ветер Што пустоши низ оваа древна мапа На која веќе се распознаваат Изгаснатите огништа околу кои седите, Велам ќе се вратите зашто јас тоа го читам од плодовите и од летните магли, јас тоа го слушам од лебот и од солта, јас тоа го гледам во очите на жетварките, јас тоа го прераскажувам гледајќи ве како му пеете на полноќното сонце.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)