на (предл.) - жерав (имн.)

За да не го урне во неврат, есенскиот ветар се притаил.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во шумолењето на капките неочекувано се вплете и продорен крик на жерави.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И речиси секогаш, по прелетувањето на жеравите кон југ, доаѓаше студ, паѓаше снег.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На жеравите старата татковина им била кај Нил, место на кое во тоа време немало фараони и пирамиди.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Безнадежно го барам во грлата на олуците, во писокот на жеравите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе прелетаат тие некаде над селото, по небото кое зачадените оџаци го потпираат со високи столбови синкав чад, ќе го чуе и старо и младо, па ќе почнат оние познати разговори за некогашните зими, за случките во тие зими, а децата разгртаа двојни уши и слушаа, слушаа, сонувајќи го снегот што беше во разговорите на возрасните, во крикот на жеравите и во мирисот на студениот воздух.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)