Родена во Пиреја, очите навикнати на сините води на средоземието, грчките маслинови гори и паничниот вресок на жегалците летно време, овде, на север, во Македонија, Летка се чувствуваше како со падобран спуштена во непознати предели.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Од нив небото на Потковицата никогаш не е испразнето, нивните страгорења и нивниот цвркот, во пролет и во лето, како водопад се истура во тишината, а таа во себе ги прибира и другите притоки на гласови, оние на жегалците и жабите, за на зима, таа, тишината, под високо настожен снег сосема, сосема и сѐ да поплати.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Само ги слушаш, до доцна во ноќта, како тулуликаат волците во гората и како жеравите, прелетувајќи ја Потковицата, одат некаде на југ, кликтаат јадосано и осамено.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)