на (предл.) - екологија (имн.)

Сѐ се случуваше така што беше планирано за Денот на пролетта - денови на екологијата, и уште симболично - Се раскрилуваме со пролетта.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќето стручњаци од областа на екологијата се согласни дека аерозагаденоста во градот зависи од климатската специфичност на Скопската котлина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Рече дека нејзе ѝ се сторило дека тоа не е прашање само на моментот, на провокација од разговорот што го воделе поттикнат од темата на есејот што таа сакала да го пишува, а која се однесувала на природата и на екологијата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Растејќи сред заканата од нуклеарна војна, атентати на саканите лидери, индустриски систем што пропаѓа, огромни национални долгови, религиозни фундаментализми (Христијанско-Еврејско-Исламски) кои фанатично сеат омраза и нетолеранција, стекнати дефициенции на имунитетот и неразбирачко занемарување на екологијата, тие развија здрав скептицизам во врска со колективните решенија. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 46
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не е чудно што оваа генерација создаде психологија на индивидуалната навигација. Сингуларност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со таквите барања на екологијата се поклопува и постмодернистичкото отфрлање на претставите на власта, центризмот и антропоцентризмот и конститутивната подготвеност да се уважува надворешниот след на случувањата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За денот на екологијата ја пошумувавме локацијата „Маркови Шуми“ - регион заштитен со закон.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)