на (предл.) - дојденец (имн.)

Храброста не се плаши од недоверба - тие пиеле и со нејасна но присутна радост си погледнувале в очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поклонувајќи му се на дојденикот дури доземи, човекот со разгорештени усни изусти: - Јас еднаш се зареков: Онему што прв ќе стапне во земјата Дардаванија, ќе му ги подарам сите ордени, сите родени и неродени скапоцености ...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Стоел исправен и привидно спокоен сокривајќи ја својата потиштеност најмногу заради споменатата тепачка на дојденците со Турците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги исправил нејаките рамења и ги наполнил градите со воздух - секој од дојденците, и во празнична црковна облека, ќе бил итар арамија што познава само свои закони.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Всушност, какви закони споменувал пред тоа Доце Срменков, што сакал да им каже на дојденците додека ослепувал од утрено сонце?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)