Најпосле му е на дофат таа слика што толку ја бара и што му ја постави неговата љубов како опиплива цел, за да не се повтори уште еднаш она чувство на глува тежина од летоска.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Пред шест дена тие тргнаа во напад бодри, сигурни, најадени и напиени и додека не стигнаа на дофат на куршумот, се корнеа од смеа, раскажувајќи си шеги на сметка на грчките бандити и славомакедонските комунистички банди.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ѝ се доближува загледана во полулегнатата девојка, подзастанува, некаков сомнеж ја гризе и кога се доближи на дофат на рака, застана, и се загледа во лицето и во очите големи и црни, молежливо вгледани со вкован поглед во неа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Самото сознание дека на дофат се наоѓаат инструменти со кои може да се следи движењето на далечните ѕвезди, веднаш пренесува до други сознанија, кои се надвор од доменот на тукашните разбирања за светот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во Ардените, пак, да се вратам на оние прекрасни романтични места покрај Урт, сретнав безброј населби, села, селца, попатни кафеани, бензински пумпи, кои до еден стојат на дофат од раката на гостите, кои овде, во текот на целата година, доаѓаат со стотици и стотици илјадници.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ги сечеме нагорнините и рамнините на Халкидик. Остануваат зад нас летувалиштата Агиа Триас и Переа, кои се на дофат на Солун, и токму затоа сѐ уште не се такви, какви што се среќаваат на секој чекор во длабочината на овој полуостров.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Има на секој чекор раритет и збиднувања, монументите се на дофат на чекорот...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Набргу се најде на дофат на девојката, но патот му го блокираше еден огромен прол и една речиси исто толку огромна жена, веројатно негова сопруга, кои како да формираа непробоен ѕид од месо.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Некаде блиску, на дофат на раката, некаков инструмент бавно отчукуваше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сѐ, токму сѐ, во тие мигови ѝ замириса на радост и среќа. Надежта и вербата стоеја на дофат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ноќе Богдан ги гледа јадрите и блескави ѕвезди спуштени над него, чиниш на дофат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И овде Х.Х. имаше одговор на сите прашања и дилеми, а ако немаше на дофат му беше Централата преку телефонот на навивање.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Лука го гледа зборот примател на својата дланка, неосетно го погалува по крзното и го враќа во неговите магловите сфери; не дава тој ни пет пари за примателот бидејќи го има на дофат на раката, овој го пишува она што тој го чита и го чита она што тој го пишува, што има тука да се лажеме. 67
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој свет беше далеку, не само како нестварен, туку далеку од моќта на Ема да го доживее како таков и да се вживее во него, и затоа таа, свесна барем за својата немоќ да направи било што друго, се обидуваше да го грабне она што ѝ беше на дофат. Јас бев нејзината жртва.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Зошто да сум подалеку, зошто да не сум им на дофатот на раката?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
За жал или за веселба, јас повеќе нема да сум на дофат.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И забележав како волшебно се менува бојата на гласот, тонот и што е тоа и не знам, ама кога ќе застанеа на ред пред дупката на стаклото и кога „шалтерката“ ќе подигнеше поглед кон нив, дали од тоа дека парите се на дофат од пензиската членарина, чекачот звучеше поинаку.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Знаев и дека Фискултурецот носел ќулафка во џипот, и дека Луција ме мами; во тој миг, со крајни сили се воздржував да не ѝ ја смачкам главата со остатокот од шишето што ми беше на дофат од раката; се препуштив на играта што таа ја водеше на еден совршен технички начин, како машина; се извивавме во прегратките; во еден миг ѝ го повлеков здолништето, и потем гаќичките, и ја видов: гола, легната пред мене, со затворени очи, сосема совладана; требаше само да легнам врз неа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Отаде и најпрвото што го побара, кога се обѕрна околу себе, сега веќе бесповратно оставен самиот со себе, без денот, беше една ниска дебела бука, доста стара и доста глужлива, и нејзината крошна, што беше веднаш над него, на дофат, полна со сува, непопаѓана шумурина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пресното месо на растргнато јарче, од кое таа не можеше ни да лизне, иако ѝ стоеше на дофат, мирисаше толку густо и раздразнувачки, што таа многу посилно ја сеќаваше таа миризба што опијанува, отколку болките од своите лути рани.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Можеби искрите на теоријата на единственото обединето поле се на дофат. Паралелите со апстракцијата соблазнуваат.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
А решението дословно беше на дофат на рака - во оние недосегнати книги.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Си останале тоа два света: Водите и Градот Две спротивставености на дофат Две платна што никако во еден поглед да ги врамиш.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Кога ги сонувам
од морето протерани
без замена за изгубеното
избезумени од промената
и предвреме пресувани фосили
кога го читам внимателно
нивниот ритмичен скелет
тој совршен сонет за патиштата
сами од себе што се делат
и нѐ делат
кога се обидуваат да ми објаснат
што му претходело на сонот
се загледуваат долго во себеси
таму кајшто сѐ е јасно
од шкргите им потекува крв
основната боја на Земјата
да не ја издадат тајната на молчењето
да изгубат волја да се вратат
во својата природна состојба
да ја изменат претставата
за светот но и за себе
затоа што сѐ природно е некогашно
во мене прагот на чувствителноста отстапува
под скерлетниот пламен
на она кое требало да се изговори
а согорело под папокот
афазијата на говорот станува сеопфатна
а мртвата тишина, или со други зборови
смртта, на дофат.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ноќта ја помина на некој висок рид. Ја бркаше месечината, што од непознати причини се беше спуштила речиси на дофат, но при секој негов обид да ѝ се приближи таа отстапуваше токму онолку колку што тој мислеше дека ѝ се приближил.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)