на (предл.) - доживување (имн.)

Нив ги сврзуваат, ги обединуваат спонтаноста на доживувањето на „мотивот“, помнењето и обземеноста со него, и така слеани во едно требаше, тогаш, да го искажат неговото јадро, суштината на опеаниот настан - трагичната смрт на Рацин -, за да се обликува целината на реквиумот, на оваа, условно речено, мала, своевидна поема, на нејзиниот сензибилитет, на поетичката структура и јазик.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Таков спој на доживувања, како уживање во себе, никој друг не е способен да ѝ ги даде.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Спомените се сквернавење на чистата форма на доживувањата.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Настаните кои им се случуваат на предметите немаат својство на доживување.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со воспоставувањето на тишината (како чисто отсуство, непостоење) се создава едно ново мерило на доживување на стварноста поради непостоењето на субјективни интервенции ( преференцијални системи, слободни избори).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Притоа мора да се внимава на многу нешта, на пример, на длабочината на вербата, на доживувањето и кажувањето на стиховите, на тие звучни синџирчиња, на тие проѕирни вирчиња, треба да се внимава на редоследот на вокалите, акцентите, паузите, на отворањето на устата, на положбата на главата и ставата при рецитирањето, итн.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но бидејќи сме измамени, и со измама самите себе сме се измамиле од сопствената свест, те. од личниот свет на доживување - таа единствена смисла со која би можеле да го даруваме надворешниот свет - резултат на тоа прилагодување на општеството, е тоа што истовремено сме намамени во илузијата дека секој од нас е издвоено, „со кожа обвиткано его”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Човечките битија не доаѓаат во врска едни со други само површно, како две билјардни топчиња, туку преку поврзувања што се создаваат кога двајца луѓе ќе се сретнат во световите на доживувањата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)