Начинот за побивање на обвинувањето дека литературната теорија, или деконструкцијата, е „несвесна за општествената и историската реалност“ е инсистирањето дека „востановувањето на објектите од страна на дискурсот“ постојано спласнува, и дека „почитта кон реалноста“ (општествената и историската, астрофизичката, или кој и да е друг вид на реалност) е само почит кон минатиот јазик, минатите начини на опишување на она што „навистина“ се случува.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во модернистичката култура исто така бил присутен силен опозитен тренд; во списите на Декарт, Лок, Хјум и Кант епистемолошките и онтолошките теми се определени само со епистемолошки и онтолошки разгледувања а не со некои религиозни, морални или естетички.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Само да се понудат модели на дискурси, да се прекогнираат правците на прскањето на стаклото на нашите лаги?!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сите дела посветени на историјата на писмото оставаат место за проблемот на воведувањето на фонетското писмо во културите кои дотогаш не го употребувале.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Според тоа, во сите хипотези, математичкиот симболизам е плод на една секундарна елаборација, која претходно ја претпоставува употребата на дискурсот и можноста за сфаќање на експлицитните конвенции.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За разлика од печатениот текст со едносмерното движење во правецот на вртењето на страниците, хипертекстот е радикално различна технологија, интерактивна и повеќегласна, која го фаворизира плурализмот на дискурсите пред дефинитивното фиксирање на текстот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Рационалните луѓе ќе раскинат со нивните предрасуди, ќе станат слободни, и ќе ги откријат најдобрите средства што ќе им овозможат среќа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Двете подрачја на дискурсот се јасно раздвоени едно од друго.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Навистина, во строга смисла, можно е да се дешифрираат непознатите знаци, но ова секогаш претпоставува едно стекнато знаење, една мисла која веќе е формирана по пат на употребата на зборовите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)