на (предл.) - динамит (имн.)

Колку минало од тоа време - човечка воздишка, нели?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
56 Извесно време по запленувањето на динамитот, еден по еден како сомнителни, биле уапсени сите четворица заговорници.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
При тие услови, пренесувањето на динамит, што морало да се изврши по царскиот друм до Велес, а оттаму со железница до Солун, било навистина поврзано со непредвидливи и опасни ризици.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во прилог на неговото тврдење оди и верзијата на Борис Сарафов за исчезнувањето на динамитот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тежината на динамитот во тенеќиите морала да одговара приближно на тежината на шарлаганот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дванаесет години по раѓањето на Нобел, пронаоѓачот на динамитот, се раѓа Рендген, првиот добитник на Нобеловата награда; до денес „Х“-зраците не ја откриле тајната на човековата душа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)